Некои го  сметаат за најздрава  храна во светот. Постојат докази кои укажуваат на тоа дека лененото семе го намалува ризикот од срцеви заболувања, рак, мозочен удар и дијабетес.

Ленено се одгледувало  во Вавилон, дури 3000 години пред Христа. Се верувало дека има моќни лековити својства.

Содржи многу хранливи материи и лековити супстанции. Омега 3 масните киселини кои ги содржи одлично делуваат на здравјето на срцето и крвниот систем. Една лажица ленено семе содржи околу 1,8 грама омега 3 масни киселини.

Лигнани, кои припаѓаат во групата на фитоестрогени имаат одлични антиоксидантни својства. Ленено дури содржи 75-800 пати повеќе лигнани во споредба со друга храна од растително потекло.

Ленено содржи растворливи и нерастворливи влакна кои се неопходни за правилно функционирање на дигестивниот систем.

Рак

Неодамнешните студии покажаа дека ленено семе го намалува ризикот од рак на дојката, на простатата и на дебелото црево.Омега 3 масните киселини ќе го забават ширењето на клетките на ракот, и лигнаните ќе ги заштитат здравите клетки од канцерогените. Исто така ги блокира ензимите кои се вклучени во процесот на проширување и раст на канцерогените клетки.

Кардиоваскуларен систем

Истражувањата покажаа дека омега-3 масни киселини го заштитуваат и кардиоваскуларниот систем.  Го намалуваат  ризикот од хронични воспаленија во телото,а исто така го намалуват и веќе постоечкото хронично воспаление и ги нормализираат отчукувањата на срцето.

Омега 3 масните киселини, исто така, ќе го намалат ризикот од таложење на плак во артериите кои можат да предизвикаат срцев удар и мозочен удар. Ленено семе успешно го регулира нивото на холестерол во крвта. Само 4 лажички на ден ќе биде доволно за да се зголеми нивото на добриот (HDL) и намали нивото на лошиот (ЛДЛ) холестерол.

Дијабетес

Прелиминарните истражувања покажале дека лигнаните од лененото семе го регулираат шеќерот во крвта и го намалуваат ризикот од развој на дијабетес тип 2.

Топлотни удари

Една студија покажа дека 2 лажици ленено семе дневно, може да го намали интензитетот на топлотни удари за околу 57%.

Лененото семе не е магично!

Интересно е да се забележи дека лененото семе како храна има многу чудесни здравствени придобивки. Сепак, треба да знаете дека не постои магична храна која ќе ви гарантира живот без никакви здравствени проблеми. Лененото семе и не треба да биде замена за лековите.

Кој треба да го избегнува?

Трудници и доилки, секако треба да го избегнуваат ленено семе, бидејќи  сеуште  не е докажано дека нема да го оштети развојот и растот на бебето.

Совети за користење

Експертите веруваат дека е подобро да се консумира семето од лен , во споредба со лененото масло, кое содржи само некои делови на семето. Но, исто така посочуваат дека треба да бидете упатени  во тековните истражувачки резултати, кои, за жал, многу често се менуваат.

Оптималната доза не е позната. Моменталната  препорачана доза е 1-2 лажици дневно.  Најдобро е да се јаде  мелено или издробени, бидејќи цело, лененото семе нормално само поминуваат низ дигестивниот систем, а  вашето тело не ги апсорбира хранливите материи.

Ја почитува здравата исхрана,посебно овошјето и зеленчукот,љубител на животни,верува во љубов,омилено место за живеење Париз