Замастениот дроб, најчестата болест на денешницата, не е мал проблем. Таа предизвикува воспаление и уништување, а ако не се лекува доведува до цироза и попуштање на црниот дроб. Најважно е со лекувањето да се започне што поскоро, а во тоа можат да помогнат и природни лекови.

Црниот дроб е централна лабораторија на организмот за преработка на храната, прочистување на отровите. Тој е единствениот внатрешен човечки орган кој може да се регенерира, а нејзините оштетувања и заболувања можат да се одразат врз целиот организам. Современото време, кое се карактеризира со неправилна исхрана, интензивно внесување калории, најмногу во облик на масти, шеќер и алкохол, остава траги врз овој орган.

Масниот црн дроб е најчестата болест на денешницата и настанува со интензивно насобирање на мастите во клетките на црниот дроб. Во нормални околности маста која сме ја внесле со храна, преку циркулација доаѓа до клетките на црниот дроб, потоа се преработува и се носи во системската циркулација, од каде се користи за многу процеси, но и се складира во разни депоа на масното ткиво.

 

Главна причина се лошите навики

 
Лошите навики, кои резултираат со замастен црн дроб се јавуваат од детството се до старо доба. Но, исто така и од одредени заболувања, како што се генетски предизвиканата хиперлипорпотеинемија, намалено лачење на хормонот на штитната жлезда, шеќерна болест, синдром на малапсорпција, воспалителни болести на цревата… исто така можат да доведат до овој проблем.
Проблемот со замастен дроб честопати може да предизвика нови компликации. Имено, кога во црниот дроб се внесуваат премногу калории преку храната, маста се таложи во клетките на црниот дроб и доведува до нејзиното воспаление. Оваа новонастаната состојба се нарекува масен хепатитис. Ако трае долго, како и кај секој хроничен хепатитис, доведува до цироза и попуштање на црниот дроб. Во САД, замастената цироза на црниот дроб е водечка причина за трансплантација на црниот дроб.

 

Природни лекови за замастен црн дроб

 
Сурутка
Околу половина литар сурутка дневно е народна рецептура за отстранување на проблемитена замастениот црн дроб и за нејзино целосно регенерирање.
Зелен чај
Како антиоксиданс, зелениот чај ги ублажува воспалителните процеси и спречува насобирање на мастите во централната лабораторија на организмот. Добар е и во борбата со вишокот килограми, кои можат да бидат причина за проблемот со црниот дроб.
Глуварче
Коренот од глуварче ја поттикнува детоксикацијата на црниот дроб, но и регенерацијата на оштетените клетки. Две лажички мелен супен корен од растението треба да се прелие со еден филџан врела вода и да се пие три пати дневно.

Што поскоро да се започне со лекувањето

Она кое често го оддложува лекувањето на замастениот црн дроб е недостигот на симптоми. Се воочува со ултразвучен преглед на стомакот, а масниот хепатитис може да се забележи и од анализа нa крвта. За да се воспостави дијагноза на замастен црн дроб, мора да се исклучат други болести, кои доведуваат до нарушувања во црнодробните ензими. А многу е важно да се постави дијагнозата на замастен црн дроб посебно кај децата.
Како што сами можеме да влијаеме на настанокот на замастениот црн дроб, исто така можеме и да го ,,одмастиме,,. Потребно е само да се редуцира калорискиот внос, да се зголеми потрошуваката на калориите, а посебно се препорачува аеробна физичка активност. Во исхраната треба да се внесат мешунки грав, грашок, боранија и јаткасти плодови ореви, лешници, бадем, семки од сусам, сончоглед и тиква. Од месо, најдобро е да се консумира понемасно, како пилешко и мисиркино, и што повеќе да се одбегнува пржење.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина