Јаболкото не е слатко, тоа е факт, а дополнителен доказ за овој факт е тоа што најдобро е ако јаболкото се изеде пред оброкот, а слаткото после. Јаболкото содржи пектин, комплексен јагленохидрат кој помага мастите да не се апсорбираат, така што е одлично предјадење за главното јадење.

 

Додадете цимет во слаткото

 

Не секој човек сака слатки со цимет, но секој оној кој има проблем да престане да јаде слатки, треба да го засака циметот. Овој зачин не само што содржи антиоксиданси и има антиинфламаторно дејство, туку помага и во регулацијата на шеќерот во крвта, намалувајќи ги налетите на глад и желбата за уште слатко, која често ја имаме по внесувањето шеќер.

 

Испијте диетален пијалок

 

Повеќето од нас сакаат да пијат нешто за време на оброкот. Пивото и виното се вистински калориски убијци, а не заостануваат ниту соковите. Ако баш не можете без течности, а водата ви е здодевна, газираните пијалоци се најдобриот избор – секако, водиетална варијанта, бидејќи само така можете да не внесувате непотребни калории кои ви ги носат буквално сите други пијалоци.

 

Користете помали чинии

 

Геометријата и бројните експерименти имаат покажано една логична работа: иста количина храна на голема чинија делува помалку отколку кога ќе се стави на помала чинија. Одличен начин за да го ,,измамите,, мозокот кога се работи за количината храна која ја имате изедено.

 

Јадете побавно

 

Бројни студии покажале дека побавното јадење, што пред се значи и повнимателно џвакање на храната, е клучно за брзо чувство на ситос и со самото тоа, помали количини внесена храна. Ако тоа ви оди тешко, обидете се да ги броите залаците.

 

 

Фоксирајте се на јадењето

 

Опкружувањето во кое јадете игра голема улога во тоа колку ќе изедете. Ако вниманието ви е поделено додека јадете, многу е поголема шансата дека ќе јадете повеќе. Едно истражување покажало дека луѓето јадат 30% повеќе кога гледаат телевизија или филм, кога читаат книга или ,,висат,, на мобилниот.

 

Сочувајте половина порција

 

Порциите во рестораните често се многу поголеми отколку кога јадете дома. Решението е едноставно: изедете половина порција и барајте другата да ви ја спакуваат. Ако вие непријатно тоа, моожете оброкот и да го поделите со некого. И повторно ќе внесете на тој начин помалку калории.

 

Јадете со таа рака која помалку ја користите

 

Ова може да звучи како поттег на очајник, но е сепак еден од поефикасните начини за јадењето да ви здодее, а со самото тоа ќе јадете и помалку. Се разбира, тоа важи само ако користите есцајг.

 

 

Отстранувајте ја кожата

 

Овој совет се однесува само на пилешкото (и секако тука спаѓа и останатата живина), но фaкт е дек пилешкото е најчестото консмирано месо во светот. Кожата е најубавиот дел од пилето, но со себеноси и голема количина калории, бидејќи е преполна со маснотии. Една порција пилешки прсти од 100 грама, заедно со кожата, на пример, има околу 200 калории. Без неа има 150 калории.

 

Далеку од очи, далеку од уста

 

Едноставно немојте дома да држите џанк фуд, бидејќи тоа е најпростиот начин да не ги јадете.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина