Состојки:

  • 10 сварени и изблендирани моркови
  • 2 поголеми јајца
  • 60 гр. брашно
  • 2 лажици пире компир
  • половина лажичка прашок за печиво
  • прстофат мускатно оревче
  • 125 гр. рендан пармезан
  • малку свеж магдонос, ситно исецкан
  • сол и црн пипер
  • маслиново масло за пржење

Подготовка:

Јајцата изматете ги со вилушка, па додате ги во оладеното пире од моркови. Додадете го и пире компирот. Во друг сад додадете брашно со лажичка сол и прашок за печиво, па таа мешавина додајте ја кај пирето. Додајте ги и пармезанот, магдоносот, мускатното оревче и црниот пипер. Измешајте се со дрвена лажица.

Маслото загрејте го добро и со лажица обликувајте плескавици. Пржете ги по 2 минути од двете страни, исцедете ги на хартија и послужете ги.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина