Се проценува дека малку повеќе од третина од луѓето патат од ваков вид на тегоби со варењето. Притоа кај околу 50% од диспептичните болни имаат оштетување на горниот дел на гастринтестиналниот тракт, најчесто ерозивен гастритис или пептичен улкус на желудникот и/или дванаестпалачното црево, додека кај другите 50% од болните нема такви промени.
Диспепсија е непријатност која се јавува после оброк или болка окализирана во горниот дел од абдоменот.

Најчесто се работи за функционално нарушување на горниот дел на гастроинтестиналниот тракт. Оваа состојба се карактеризира со болка, печење, чувство на непријатност и мачнини во желудникот, чувство на притискање и надуеност, ситост веќе по мала количина храна, губење на апетитот, подригнување и засилено испуштање гасови,, враќање на содржината од желудникот во хранопроводникот (т.н. рефлукс) или мачнини кои можат да бидат спроследени со повраќање.

 

Познати се неколку причинители за ризикот за појава на диспепсијата, а тоа се пушењето, претераното и долго консумирање алкохол, прекумерно консмирање кафе (повеќе од шест филџани дневно), неадекватна исхрана (богата со масти, зачинета храна, гладување и нередовна исхрана), дебелина, изложеност на стрес, употреба на одредена храна (нестероидни антиревматици, антибиотици, естрогени), но и приутност на некои друго болести (дијабетес, болест на тироидната жлезда и бубрезите, ослабната срцева функција, белодробна туберкулоза, малигни болести) како и инфекции со Helicobacter pylori.

 

Во најголем дел од случаите, правилната исхрана помага да се воспостави подобро варење и да се намалат болките и непријатноста. Се советува да се престане со пушењето, да се намали прекумерната телесна маса и дневното внесување на храна да биде немасна и не многу зачинета храна како и да се распредели дневната консумирана храна на повеќе помали оброци.

 

Оние кои патат од ГЕРБ (гастроезофагеална рефлуксна болест) не смеат да легнуваат веднаш после оброците, посебно ако тие се обилни и богати со масти и протеин. ГЕРБ настанува откако содржината од желудникот ќе се врати во хранопроводникот, устата и дишните патишта. Тоа најчесто се случува додека лежите или кога се наведнувате. Се карактеризира со болка во градите, но и со лесно расипливи заби.

 

Обилните оброци богати со масти и протеини го стимулираат обилното лачење на желудочните секрети и го забавуваат празнењето на желудникот. Затоа на болните од ГЕРБ им се советува умерено јадење месо, млечни производи и јајца пред легнување.

 

Добри маснотии

 

И омега-3 масните киселини се имаат покажано како заштитно делување, па во исхраната на овие болни треба да биде застапена рибата, посебно оние видови од северните мориња, како бакалар, лосос, туна и сабјарка. Исто така, и ферментираните млечни производи се препорачливи, бидејќи тие воспоставуваат рамнотежа во цревниот систем. Lactobacillus acidophilus има бактерицидно делување врз Helicobacter pylori.

 

Чаеви кои помагаат

 

Во народната медицина, во лекувањето на тегобите во горниот дел на гастроинтестиналниот тракт најчесто се применуваат чаеви од слез или лен, камилица, столисник, нане, пелин и глуварче. Во потешките случаи на лекување на Helicobacter pylori, се користат чаеви од мајчина душица, кантарион, лаванда, анасон и пелин, бидејќи етеричните масла во овие растенија делуваат бактерицидно на Helicobacter pylori.

 

Оваа храна треба да се одбегнува:

 

Масната храна, чоколадата и лукот се поттикнувачи на болка во желудникот, исто како што тоа го прават и цитрусите и зачините како чили и црн пипер. Исто така, од исхраната треба да се исфрлат и сите оние намирници кои имаат предзнак ,,пре,, – луто, солено, кисело, студено, топло –-бидејќи тие повторно ќе го надразнат желудникот. Треба да се одбегнува и сировата храна, која многу потешко се вари и која само уште повеќе ги влошува веќе постоечките симптоми.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина