На прв поглед се чини како безопасна вежба, но овој тест на седнување и станување одредува колку сте всушност здрави, во каква кондиција сте и колку долго ќе живеете. Вежбата може да ја направите и дома, трае неколку секунди и се изведува на под во удобна облека и обувки или боси.

 

Тестот го има осмислено бразилскиот доктор Клаудио Гил Араџо, а при неговото изведување се мерат нешта кои се есенцијални за одредување на физичката форма – силата, флексибилноста и рамнотежата. Се изведува така што седнувате на под со прекрстени нозе и се обидувате да станете трудејќи се колку што можете помалку да се потпирате со рацете или со другите делови од телото. Резултатите се рангираат од 1 до 10.
Ако резултатот ви е помал од три, односно сте морале да се користите со рацете, сте се потпирале со страничната страна на колковите при станување, сте губеле рамнотежа и слично, тоа покажува дека сте во многу лоша форма и краток животен век.

 

Ако, пак, резулатот ви е помеѓу осум и десет (минимално сте се потпирале), значи дека имате одлична кондиција. Секојпат кога губите рамнотежа, ви се одзема по половина поен.
Доколку имате проблеми со колената, би било добро за време на изведување на вежбите да имате некого покрај себе во случај да не можете да станете. Ако имате повеќе од 50 години, а сте постигнале чиста десетка, треба да си честитате самите на себе, затоа што спаѓате во елитната група.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина