Слушате некаков звук кој другите не го слушаат во вашата околина? Тогаш имате зуење во увото или медински наречено тинитус. Тинитусот е симптом, а не болест. Овој непријатен симптом е многу чест и го има секој петти човек. Обично пациентите го опишуваат како: високотонско пиштење, тропање, шушкање, пулсирање и крцкање. Зуењето во ушите е многу непријатно и многу често. Дури се смета дека секој петти човек барем еднаш има почувствувано фрустрација и беспомошност поради звукот во ушите. Во денешно време, кога сме повеќе изложени на силни звуци од порано, зуењето погодува се повеќе луѓе. Најчесто се јавува по некој концерт или по престој во место каде се слуша гласна музика.

Зуењето може да биде предизвикано и од анкциозност

Зуењето, односно тинитусот, како што гласи неговото медицинско име, може да се појави не само по изложување на силни звуци, туку и во многу други ситуации, и кај луѓе кои слушаат многу добро. Зуењата предизвикуваат заболувања на виличниот зглоб, кој е анатомски поврзан со увото. Во тој случај болните се жалат на интензивна болка во пределот на увото. Зуењето може да се појави и како резултат на зголемена нервна напнатост, односно анкциозност. Посебен вид на зуење е пулсирачкото. Обично се пројавува во вид на шум кој е во ритам со срцеват аработа и во најголем број случаи претставува објективен звук на работење на соседниот крвен сад.

Колку подолго трае, потешко се лекува

Објективниот тинитус може да биде и последица од некој друг звук во главата или увото. Сите знаеме за чувството кога окото ,,игра,,,а слично се случува и со увото. Тоа е последица од повторувани контракции на стапедијалниот мускул, најмалиот мускул во човековото тело, кои доведуваат до вибрирање на слушните ковчиња и до ушното тапанче. Од тоа настанува непријатен трепетлив звук во увото, кој обично трае неколку минути, а некогаш трае и со часови.
Но, според докторите, зуењето во ушите знае да биде и сигнал за некои сериозни заболувања како што се акустичниот тумор, тумор на слушниот нерв, отосклероза, окостување на увото, васкуларен тумор, бенигна интракранијална хипертензија, зголемен притисок од насобрана течност во мозокот, Мениерова болест, заболување на внатрешното уво, гломус тумор и многу други. Поради тоа доколку забележите зуење во ушите треба веднаш да се јавите на преглед кај оториноларинголог.
Дијагностиката, освен оториноларинголошки преглед, подразбира и аудиометрија, односно мерење на слухот, и тимпанометрија, мерење на функциите на средното уво. Често е потребно да се направат и дополнителни аудиолошки прегледи, како што се аудитивни евоцирани потенцијали, односно мерење на нервниот импулс од увото до мозочното стебло, отоакустични емисии или мерење на функциите на слушните клетки. Кога постои сомнение за автоимунолошко заболување на увото, треба да се направат и лабораториски анализи и радиолошки снимања, со цел да се исклучи постоење на некој тумор или демиелинизирачки процес.

Сетилото за слух е сместено во истиот орган со сетилото за рамнотежа и нервот за слух и рамнотежа патуваат заедно низ внатрешниот слушен ходник, исто како кабел со две жици е. Затоа, кај многу заболувања на внатрешното уво или на овој дел, освен испади во слухот, страда и рамнотежата и потребно е исто како кај пациентите со вестибуларни тегоби, кај кои се проверува слухот, и кај пациентите со аудитивни симптоми е потребно да се проверат функциите на рамнотежата.

Тагови: Здравјеуши
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина