Дали додатоците за исхрана можат да ни помогнат при исхрана и тренинг и дали се здрави? За да дојдеме до одговорот прво мораме да видиме што се тоа протеини. Зборот протеин потекнува од грчкиот збор “protos”, што значи прв елемент. Општо познато е дека протеините се главните градбени елементи во човечкото тело. Постојат два вида протеини: растителни и животински. Месото, јајцата, млекото и млечните производи содржат животински протеини, додека растителните протеини се наоѓаат во растенијата. Иако поради исхраната и количините, животинските протеини повеќе се користат, растителните се поздрави, бидејќи не содржат во себе заситени маси и холестерол.

 

Значи, ние секојдневно преку храната внесуваме протеини во нашиот организам, но кога ќе почнеме да тренираме, количината на протеини треба да се зголеми. Тука настанува полемика. Ако многу тренирате, морате многу и да јадете. Иако тоа можеби звучи едноставно, треба да се внесе многу храна во текот на денот за да се внесе доволната количина на протеини, а некои луѓе едноставно не можат да го поднесат тоа.

 

Поради тоа се користат протеини или, како што поинаку се нарекуваат, додатоци во исхраната. Лесно се подготвуваат и уште полесно се консумираат. Само се мешаат со малку вода или млеко и ќе ја внесете посакуванта доза протеини во вашиот организам.

 

Но, многумина го поставуваат прашањето, што точно се наоѓа во протеинскот прав и дали неговиот состав е опасен или не? Еве го одговорот на тоа прашање.

 

1. Whey протеин

 

Whey- протеинот е главна состојка и тој има задача да ни ги нахрани мускулите со хранливи состојки.

 

2. Лецитин

 

Лецитинот е посебен вид масти кои се добиваат од сојата. Покрај тоа што дава енергија и ја зголемува силата, лецитинот исто така го намалува и згрутчувањето на напитокот кој го пиете и овозможува подобро соединување со вода и млеко. Лецитинот исто така дополнително ги храни организмот и мускулите.

 

3. Раубидиосид А

 

Ова соединение веројатно ви е познато под името екстракт од стевија – природен засладувач кој е поздрав од шеќерот и кој има единствена цел, а тоа е да направи протеинскиот прав да биде повкусен и поубав.

 

4. Аминоген

 

Аминогените се посебни ензими кои му помагаат на телото да  апсорбира што поголема количина протеини. Без нив поголем дел од протеините ќе биде исфрлен преку изметот, па ова соединение е клучно, бидејќи без него не би имале толку ефикасни и брзи резултати.

 

5. Арома

 

На крај, во протеинските шејкови се ставаат различни видови ароми, од кои најпопуларни се ванила и чоколада.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина