Доколку вежбате и се обидувате да „изградите” мускули, сигурно сте се запрашале кои аминокиселини треба уште да ги внесете во вашата исхрана и кои се најважни аминокиселини, а тоа може да биде навистина збунувачки. Доколку само го прочитате профилот на аминокиселината на протеинскиот суплемент на пример, вие веројатно нема да му предадете многу значење на Л-Орнитинот HCL, но доколку ги знаете придобивките од него, сигурно веднаш ќе го посакате.

Л-орнитинот е неесенцијална амино киселина која се произведува во телото преку хидролиза на Л-аргининот. Префиксот “Л” (латински – лево) се однесува на спиралната структура на хемиската структура на молекулата. “Л” амино киселините се наоѓаат во органските ткива, како што се растителните и животинските ткива. Орнитинот е една од неколку амино киселини кои имаат улога во производството на хормонот за раст и се користи за зголемување на мускулната маса, со истовремено намалување на телесните масти.

l-ornithineform

             Хемиска структура на Л-орнитин

 

 

Доколку се обидувате да изградите мускули, со едно посебно нешто треба да бидете запознаени, а тоа е – балансот на азот. Азотната рамнотежа го претставува износот на азот што вашето тело го излачува во споредба со тоа колкав износ на азот прима. Кога нашето тело внесува повеќе азот отколку што излачува, се вели дека сме во позитивен азотен баланс и се случува раст на мускулите. Ако нашето тело излачува повеќе азот отколку што внесува – велиме дека нашиот азотен биланс е негативен, се случува загуба на мускулната маса и доколку азотот е исцрпен од виталните органи, тоа може да предизвика сериозни здравствени проблеми. Л-орнитинот го контролира излачувањето на азотот од нашите тела.

Л- Орнитинот е познат како ефикасен стимулатор за ослободување на GH хормонот за раст. Овој хормон за раст е веројатно најголемиот анаболичен хормон во телото и некои од неговите улоги се да го забрзува метаболизмот и да му сигнализира на телото кога да почне да ги употребува мастите како енергија. Природниот хормон за раст често опаѓа со возраста и може да предизвика губење на мускулната маса и зголемување на телесните масти. Хормонот за раст исто така е важен за градење на мускулите и за регенерирање на хормоните.

Л- орнитинот ја зголемува способноста на телото да ги отстрани токсините и помага во опоравување на мускулите. Има голема улога во регулирањето на лачењето на урината , преку која телото ослободува амонијак , нуспроизвод на метаболизмот на протеините.

Земањето на Л-орнитинот како суплемент ќе ви помогне да ја одржувате вашата телесна тежина.

Друга важна функција на Л-Орнитинот е неговата употреба во отстранување на токсините од клетките, што воглавно и помага на функцијата на црниот дроб и може да го забави процесот на стареење.

Дозирање на Л-Орнитин и несакани ефекти

 

Пожелно е да се земаат 1-2 капсули на ден пред спиење. Евентуално може да се земе уште една  пред тренинг. Секогаш земајте ги на  празен стомак со вода! Орнитин можат да се комбинира со  1 грам на Аргинин и 2 грама на глутамин за уште подобри резултати.

 

Внесувањето на повеќе од десет грама Л-орнитин дневно, сепак, може да резултира со неколку несакани ефекти како дијареа, вознемирен стомак и грчеви.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.