Ако сакате да јадете, а притоа не сакате да имате вишок килограми, тогаш сигурно имате слушнато разни приказни за диетите со кои се губат килограмите без никакво откажување од храната.

 

Не им верувајте на чудотворните диети

 

Обично тие приказни се спакувани со цел да продаваат одреден производ кои ќе ви помогне во постигнување на саканата цел. Ако веќе се имате навлечено на некои од овие приказни, сте се обиделе и сте се разочарале, тогаш сигурно сте станале и повнимателни. Се разбира дека морате да ги смените прехранбените навики ако тие се лоши. Не можете да очекувате килограмите да се стопат ако се храните нездраво. Здравата исхрана и доволната физичка активност се единственото нешто кое навистина делува. Сепак, постојат додатоци во исхраната кои можат да и помогнат на вашата приказна за симнување на вишокот килограми.

Што е тоа Л-карнитин?

 

Л-карнитинот е природен додаток на исхраната. Сите ние веќе го имаме во своето тело, кое само го произведува во црниот дроб и во бубрезите. Тој им помага на мастите да се претворат во енергија. Сликовито кажано, ако телото е мотор, а мастите се бензин кој го движи, тогаш Л-карнитинот е маслото кое го подмачкува системот. Без него тој ќе остане неподмачкан, телото ќе ни се чувствува уморно поради недостиг на енергија. Тогаш телото ќе ни сигнализира дека е гладно и во тој случај ништо друго не ни преостанува освен да јадеме. Мастите не се единствен извор на енергија. Енергија даваат и јагленохидратите, па кога ни недостасува Л-карнитин, може да се појави потреба за слатки.

Како делува Л-карнитинот?

Ако го немаме доволно во телото, додатокот Л-карнитин ќе не направи пополетни и поенергични. Ќе се намали чувството на глад, а ќе се пдобрат телесните функции и концентрацијата. Доколку, пак, го имаме додолно во нашето тело, дополнителната количина од него нема да делува негативно (Л-карнитинот нема никакви познати негативни нус-појави), но тогаш нема да го чувствуваме ефектот кој го чувствуваме кога го немаме доволно во телото.

Дали Л-карнитиоот помага да се ослободиме од целулитот?

Истражувањата велат дека помага. Тој помага во процесот на претворање на мастите во енергија, а со него мастите (и цеулитот) согоруваат побрзо. Кремите против целулит честопати во себе го содржат.

Употреба

 

Л-карнитинот може да се зема секојдневно, во количини до максимум 4 грама. За оние кои имаат нормална потреба од него доволен е и само 1 грам. Потреба од поголема количина од него имаат спортистите и бубрежно болните и оние со заболен црн дроб, кои не можат да произведат доволна количина од него во телото.
Се препорачува при појадокот да се земаат 500 мг. Ако се занимавате со некоја физичка активност, било да е аеробна или анаеробна, тогаш половина час пред активноста треба да се земат уште по 500 мг.

 

Да се купи или не Л-карнитинот?

 

Оваа одлука треба да биде индивидуална. Постојат одредени контроверзности во врска со Л-карнитинот. Некои критичари тврдат дека целата фама околу него е ,,надувана,, дека тоа е масло на фармацевтската индустрија и дека Л-карнитинот воопшто не е потребен во дополнителни количини.

Искуства

 

И покрај тврдењата на скептиците, искуствата на многу спортисти и неспортисти покажуваат дека Л-карнитинот и тоа како е ефикасен. Освен тоа, се има докажано дека позитивно делува при слабеење ако се комбинира со програма за слабеење, бидејќи тогаш масните наслаги многу побрзо се топат.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина