Одредена количина на стрес во нашите животи е нормална, понекогаш дури и неопходна. Меѓутоа, преголема доза стрес може да влијае негативно на нашите секојдневни активности, личниот живот и здравјето.

За среќа, постојат начини со помош на кои може да се намали дозата на секојдневен стрес. Еден од нив е јапонската техника, која се темели на масирање на прстите на рацете. За да се практикува оваа техника, важно е да се сфати дека секој прст на нашите раце претставуваат одредено чувство или однесување.

Палец

Масирањето на палецот ги намалува емоциите како што се анкциозност, нервоза и грижи.

Показалец

Масирањето на овој прст може да го намали одредениот страв кој го чувствувате.

Среден прст

Масирањето на средниот прст може да го контролира чувството на бес и неволност.

До малиот прст

Масирањето на овој прст може да го намали чувството на депресија и тага. Исто така може да станете многу порешителни.

Мал прст

Може да ја намалите анкциозноста и да го зголемите оптимизмот и самодовербата.

За создавање хармонија помеѓу животната енергија и телото, фатете го прстот од спротивната рака, така што ќе го опфатите со сите прсти и палецот. Секој прст држете го околу две минути. Кога ќе почувствувате пулсирање, ќе знаете дека овој метод функционира.

За да го смирите умот, лесно притиснете го центарот на дланката со палецот од другата рака и држете така една минута.

Оваа техника применувајте ја секојпат за да создадете внатрешен баланс и да останете смирени и позитивни.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина