Халуциногенот кој го има во волшебните печурки може да го ресетира мозокот на луѓето со нелечена депресија, со што се потврдиле нови можности за идните лекувања, покажале скенирањата кај пациентите. Малата студија вклучила 19 пациенти, кои добиле по доза до психоделичната состојка псилоцибин, која ја има вопечурките. Половина од пациентите престанале да бидт депресивни и биле забележани промени во активноста на нивниот мозок, кои траеле по пет недели. Меѓутоа, тимот од Кралскиот колеџ во Лондон предупредил дека луѓето не би смееле сами да се лекуваат.

Низа помали студии исто така покажале дека псилоцибинот може да има таква улога во депресијата, делувајќи како подмачкувач на умот, овозможувајќи им да побегнат од цикличните депресивни смптоми, пишува ББС. Но, прецизното влијание врз мозочната активност не е позната. Тимот од Кралскот колеџ госкенирал мозокото на пациенти еден ден пред земањето псилоцибин и еден ден потоа (кога пациентите биле повторно ,,трезни,,). Студијата која ја објавиле во списание за научни извештаи покажува дека псилоцибинот делува врз две клучни области во мозокот:

  1. Амигдала – која во голема мера е вклучена во тоа како ги обработуваме емоциите, како што се стравот и анкциозноста. Тој дел станал помалку активен. Колку било поголемо намалување, толку доаѓало до поголемо подобрување на пријавените симптоми.
  2. Да се подразбира режим на мрежата – соработка на различни мозочни делови – станал постабилен по земањето псилоцинин.

Професорот Митул Мехта од Институтот за психијатрија на споменатиот колеџ во Лондон рекол дека во овие податоци импресивно е тоа што промените се случиле воделот од мозокот кој е важен за депресијата по само една доза псилоцибин.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина