Дали можат да се излекуваат автоимуните болести?
Од која причина организмот одеднаш се свртува против себе и сопствените клетки и почнува да ги препознава како непријатели, па ,,испраќа,, армија од антитела да ги уништи, развивајќи автоимуна болест, не е познато. Факт е дека под влијанието на разни фактори, загадувања, испарувања на гасови и хемикалии, вируси, претерана употреба на лекови, долготрајно изложување на тешки метали, но и од генетска предодреденост, телото се побунува потив сопствените антигени. Во зависност од тоа во кој орган се наоѓа нападнатиот антиген, таму настанува болеста. Таков е, на пример, случајот со болестите на штитната жлезда и на црниот дроб. Дури 80 автоимуни болести можат да се развијат поради тоа што организмот се побунил против самиот себе. Некои од нас, се сепак гентски чувствителни на автоимуните болести. Тоа се оние кои имаат поголем број гени кои играат главна улога во развојот на болестите. За да се активираат тие, треба да ги придвижи нешто од надворешните фактори.
Она што медицината може да го направи денес во врска со автоимуните болести е да делува имунисупресивно, односно да ја закочи претераната деструктивност на организмот. Пред да биде откриен овој механизам, како и неговите начини, еден пациент, да речеме, со систематски лупус, имал мнoгу полоша прогноза за болеста. Со подобрување на дијагностиката и лекувањето, преживувањето е продолжено, па сега болните можат да доживејат длабока старост.
Како во телото се развива автоимуниот процес и колку долго трае?
Една од хипотезите е дека во телото понекогаш се случува појава слична како во природата – мимикрија. На пример, некој микроорганизам, бактерија која сме ја имале при воспаление на грлото или на уринарните патишта, има одредени протеински состојки слични како и одреден дел од телото. Организмот ја насочува својата борба кон оваа бактерија и, не препознавајќи ги непријателите поради сличните состојки, почнува да ги напаѓа и своите органи. Сложените механизми на имунолошкиот надзор се развиваат кај детето уште додека е во утробата. Се случува некој во крвта повеќе години да има антитела, како маркер за автоимуна болест, но болеста да не се манифестира клинички. Болеста може да нападне цела низа органи, како што се случува кај систематските болести на сврзното ткиво. Така всушност настануваат систематскиот еритемски лупус или ревматскиот артритис, системската склероза и многу други. Не е реткост еден пациент да развие повеќе автоимуни боелсти, па така при систематски лупус да се пронајде и Хашимото тиреодитис или проимарна билјарна цироза на црниот дроб.
Жените се посклони да развијат автоимуна болест. Дури 10 пати повеќе жени во генеративниот период заболуваат од систематски лупус, што се поврзува со значајното влијание на хормоните, посебно на естрогенот, како двигател кој го започнува целиот автоимун процес. Со оглед на сериозноста на болеста, жените кои ќе забременат спаѓаат во ризични трудници и мора да бидат под постојан надзор на интернист и гинеколог.
Како уште се потврдува постоењето на автоимуно заболување?
Дијагностиката е многу комплицирана, а пациентот се подложува на разни клинички и лабораториски имунолошки тестови за да се потврди или исклучи постоењето на болест. Постојат, на пример, 11 критериуми за системскиот лупус, додека некои имаат само два или три. Тоа значи дека болеста не се развила во целост, па тие пациенти се следат амбулатно.