Анкциозноста и нападот на паника не се само нешто кое го чувствуваме како што се приближуваат важните рокови или кога правиме нешто ново, туку постојано присутно чувство кое не се губи и кога нема причина за притисок.

 

Овие состојби треба да се лекуваат со помош на стручњаци односно доктори, но постојат техники кои е можно да се применат, а кои ќе помогнат во намалување на симптомите.

 

Спијте доволно

 

Лошиот сон и тоа како влијае врз квалитетот на животот и може да има сериозни последици врз здравјето и да го засили стресот. Понекогаш се чини како да се работи за маѓепсан круг, бидејќи стресот доведува до недостиг на сон и обратно. Затоа обидете се да се опуштите со бања и лесна музика или со квалитетна книга пред спиење, а секако одбегнувајте алкохол и тешка храна барем два часа пред одење на спиење.

Смеењето е лек

 

Истражувањата покажуваат дека смеењето може да ги намали симптомите на анкциозност и депресија. Затоа искористете ја секоја можност, од зафркавање со колегите на работа до добра комедија или со клипови на Јутјуб. Често и самиот неред во домот или на работната маса може да влијае на тоа потешко да се опуштате и да се концентрирате. Затоа тие петнаесет минути за средување на масата и домот можат да бидат секојдневна навика која ќе го намали стресот.

 

Изразување благодарност

 

Благодарноста помага во борбата со анкциозноста и тоа го покажуваат и научните истражувања. Започнете со водење своевиден дневник, во кој ќе запишувате на се што сте задоволни и што ве прави среќни и горди.

Внимавајте на исхраната

 

Важно е да се јадат што повеќе намирници кои содржат хранливи материи како што се витамин Б и омега-3 масни киселини, а не треба да се заборави и на јагленохидратите. Витаминот Б е одличен за нервите и воопшто за менталното здравје, додека омега-3 масните киселини можат да помогнат во намалување на симптомите на депресија и анкциозност. Слатко треба да се одбегнува, бидејќи таквата храна може да ги зголеми симптомите на акциозност.

Научете да дишете

 

Еден од одличните начини со нападите на паника е правилното дишење. Краткото и плитко дишење секогаш е проследено од напади на паника, додека подлабокото и подолгото дишење му испраќа на мозокот сигнал дека е во ред да се опушти.

Медитирајте

 

Медитацијата помага во опуштањето, а научниците тврдат дека таа дури ја зголемува количината на сивата материја во мозокот, што придонесува до намалување на стресот. Низа неодамнешни студии покажуваат позитивен ефект од медитацијаа врз симптомите на анкциозност, нерасположението и стресот.

 

Планирајте однапред

 

Прелажете ја анкциозноста со детално планирање цел ден однапред. Обидете се да направите распоред до кој ќе се придржувате, и така се ќе имате под контрола. Ова е одличен начин за да се создадат работни навики, да се зголеми продуктивноста и поквалитетно да се искористи времето.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина