Постои ли некој кој не сака да спие? На сите нас потребата за сон ни е вродена, па сепак некои лесно и се препуштаат на оваа потреба, некои си го крадат самите сонот за да може подолго да работат, а некои претеруваат. Веќе имаме слушнато за волшебниот број 8 и тој е навистина точен.

Како знаеме дека ни се потребни осум часа спиење?

Науката за сонувањето неверојатно е напредната и денес имаме многу истражувања за да можеме да анализираме што му прави на телото спиењето од 4, 6 или 8 часа, но и какви се последиците по него кога нема да ја испочитуваме оваа должина. Но, сите часови не се исти. Додека спиеме, минуваме низ 3 фази, од кои две се посебно важни за нашиот дух и тело. Една студија била извршена над 48 доброволци, кои спиеле 4, 6 или 8 часа и која траела две недели. Најнесреќните биле собрани во групата која не спиеле три дена без прекин. Резултатите до кои дошле се интересни:

  • Нивото на когнитивнии физички способности било оддржано само кај групата спијачи од 8 часа

  • Недостигот на сон е кумулативен процес: по две недли било сеедно дали спиете 4 или 6 часа
  • По две недели, резултатот од недостиг на сон ист како да не сте спиеле три дена

  • Оние кои спиеле 6 часа не забележела дека им е нарушила когнитивната способност.

Фаза на спиење – длабок сон за телото, РЕМ сон за душата

Сите часови кои ги поминуваме во спиење не се создадени подеднакво. Најголем дел од спиењето се минува во лесен сон, многу малку во длабок, додека РЕМ е подеднакво распрострнет во текот на целата ноќ.

 

Длабок сон

Не е потребно длабоко да навлегуваме во науката за да знаеме дека длабокиот сон е клучен за закрепнувње на телото, па дури и за порамнување на перформансите. Едно истражување од Стенфорд ги мерело перформанските на кошаркарите откако по 5 недели спиеле по 10 часа секоја вечер (наместо просечни 8). Давале кошови за околу 9% подобро и на 2 и на 3 поени, а и биле побрзи во спринтот на 80 метри. Сонот им помогнал. Еден просечен човек има 15 – 20% уддел од ваков вид на сон во текот на 8 часа.

РЕМ сон

Rapid Eye Moment или РЕМ (брзо движење на очите) спиењето е она кога сонуваме и тоа се соништа кои ги помниме. Во просек, не фаќаат 3 до 5 вакви циклуси во текот на ноќта, но обично ги помниме само утринските сонов. За време на РЕМ фазата, мозокот, ,,гори,,, се активира меморијата и се смета дека токму тогаш мозокот го сортита наученото и така помниме. Посотјат многу интересни теории за областите на сонувањето.

Научниот концензус е дека ни се потребни околу 20% РЕМ сон во текот на целиот циклус на спиење. За жал, не посоти метод со кој можеме да добираме и темпираме колку и кој сон го добиваме. Нашето тело е попаметно од нас. Тоа само се грижи да го надомести токму оној фактор кој кумулативно ви недостасува. Кажамо поинаку, сами си легнувате на време, а телото ќе го направи се што е потребно за да ни обезбеди доволно длабок и РЕМ сон.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина