Според резултатите од неколку повеќегодишни истражувања, малите работи се оние кои не прават среќни.Своето расположение можете да го поправите за само неколку секунди. Во прилог се неколку научно докажани начини кои скоро веднаш ќе го поправат вашето расположение.

raspolozenie_naslovna

 

Гледајте ги старите фотографии

Научниците докажаа дека гледањето на старите фотографии од родендените или пак вашите годишни одмори речиси веднаш ќе го поправат вашето расположение. Старите фотографии ставете ги во компјутер или пак на работното биро поставете врамена фотографија која буди чувство на среќа, бидејќи повременото гледање во оваа фотографија секако ќе го подобри вашето расположение.

Грицкајте производи од костен

Или пробајте масна риба. И двете видови намирници се одличен извор на омега-3 масни киселини кои го намалуваат ризикот од појава на депресија. Производите од костен ќе го жодржат стабилното ниво на шеќер во крвта, заради што ќе се намали и зачестеноста на наглите промени на расположението.

Осветлете ја просторијата

Според едно истражување, личностите кои често престојуваат во осветлени простории се подобро расположени во текот на денот.

Ако сакате уше подобар ефект, осветлете ја просторијата штом се разбудите и појадувајте гледајќи низ прозор. Утринската светлина има одлично делување врз расположението и концентрацијата.

Прошетајте се

Голем број истражувања покажуваат дека вежбањето го поправа расположението. Пешачењето е одличен избор, бидејќи е достапно за сите.

Можете да пешачите до работа, додека разговарате или одите накај дома. Кога ќе почувствувате дека нивото на енергија почнува да опаѓа, а расположението се влошува, прошетајте се неколку минути.

Размислувајте брзо

Кога некоја личност ве вознемирува, пробајте во рок од 30 секунди да се потсетите на моментите кога оваа личност ви помогнала или причините заради кои ја почитувате или сакате.

На овој начин вашето внимание ќе се насочи кон нешто што е позитивно, а со брзото размислување на вашиот ум нема да му дадете доволно време за да размислува негативно.

Сечкајте зеленчук

После напорен и стресен работен ден., готвењето е сигурно последната работа која би сакале да ја правите, освен ако тоа не е хобито во кое уживате. Но, истражувањата покажаа дека готвењето, а особено сечкањето на зеленчукот, може значително да го поправи расположението.

Зеленчукот не асоцира на здравје. Свежиот зеленчук е со весели бои, а подготовката на свеж и здрав зеленчук веднаш ќе ви го поправи расположението. Уживајте во разновидна храна и допуштете вашите јадења да бидат шарени, односно приготвени од различен зеленчук и овошје.