Кожата постојано ви се лупи, а не ја знаете причината за тоа. Кога ќе поминете по неа, чувствувате рапавост, што дополнително нервира. Ваквата појава може да биде последица од хроничен недостиг на витаминот Ф, а не од некои посериозни тегоби. Тој е важен за метаболизмот, спречува таложење на холестеролот во артериите, го јакне имунолошкиот систем.

Помага и во намалувањето на телесната маса, така што ги согорува заситените маснотии. Кај болните од шеќерна болест, овој витамин го намалува ризикот од оштетување на кардиоваскуларниот систем и спречува очни болести.  Ги ублажува менструалните болки, а се применува и во терапијата кај стерилитет кај двата пола, посебно кај мажите.

Недостигот на витаминот Ф се пројавува различно кај децата и кај возрасните.

Најмладите постојано чувствуваат жед, имаат хронични инфекции, синузитис, чести кивавици, кожни алергии, егземи или проблеми со дишните органи, дури и астма.

Кај возрасните, првиот симптом е многу сува кожа, најпрво на стапалата, потоа на нозете и на крај на целото тело.

Претерано е и лупењето, кое се гледа кога се слекуваат чорапите. Се развива и артериосклероза, тромбоза, може да дојде до инфаркт на миокардот, појава на црн дроб, запек или дијареја, намалена отпорност на организмот на вируси и на бактерии. За да ги задоволите дневните потреби за овој витамин, треба во менито да вметнете ладно цедено сончогледово масло (две ипол лажици), кое е исклучително богато со овие важни состојки. Ист ефект може да се постигне со консумирање на по шест лажици семки од сончоглед. Со витаминот Ф се богати и други семки, како што се сусамот, кикиритките, ленот и макот. Најдобро се апсорбира кога е во комбинација со витаминот Е.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина