Појадокот е најважниот оброк, а смутито е одличен извор на енергија и хранливи материи, што го прави поздрав избор од печивата од бело брашно или масните манирници. Освен што е вкусен, здрав напиток, тој го јакне имунитетот, буди и дава доволно енергија за вршење на секојдневните активности. Овој оброк е готов за миг во блендерот и лесно се пие, па штеди и на време. Ова се едни од најдобрите смути напитоци.

 

Енергетска бомба

 

Состојки: 450 мл. бадемово млеко, 450 гр. свеж млад спанаќ, 450 гр, јагоди, 1 банана, 1 лажица свеж ѓумбир, 1 лажичка кокосово масло, 3 лажици зобени снегулки.

 

Смути од морков и јаболко

 

Состојки: 6 листови коприва, морков, јаболко и вода.

 

Напиток од јагоди

 

Состојки: 2 дл. сурутка, 250 гр. јагоди, 1 лажица ленено семе, 1 лажица кокосово масло, зобени снегулки.

 

Смути од блитва

 

Состојки: 340 гр. блитва, 340 мл. вода, 3 банани, 1/4 авокад, мед.

 

Напиток од портокали и моркови

 

Состојки: моркови, банана, филџан мраз, филџан сок од портокал.

 

 

 

Зелена рапсодија

 

Состојки: 1 поголемо јаболко, 2 филџана спанаќ, 3 лажици насецкан коријандер, 1 лимон, филџан цеден сок од портокал, 2 лажички ѓумбир, 1/3 банан, 1 лажичка цимет.

 

Детокс од боровинки и малини

 

Состојки: филџан свежи или замрзнати боровинки, филџан овошен јогурт, 1 лажичка мелен цимет, корен свеж ѓумбир со големина од 1,5 см.

 

Авокадо смути

 

Состојки: 1/2 зрело авокадо, 1 голема банана, лист спанаќ, 1 лажичка мелено ленено семе, 1,5 дл. млеко.

 

Оревесто уживање

 

Состојки: 1 банана, 1 лажичка зелена пченица, 5 – 6 бадеми, стевија по желба,  2-3 дл. вода.

 

Подготовка: Се исмиксајте и испијте го половина час после тренингот. Овој смути е одличен за тоа време. Бананата содржи скроб кој со разградување во дигестивниот систем ќе доведе до ослободување на гликоза која им е потребна на мускулите како извор на енергија за закрепнување после тренингот или за надоместување на потрошениот гликогенa. Малку гликоза не значи дебелеење туку обновување на залихите на енергија.

 

Напиток од банани и ѓумбир

 

Состојки: 1банана, 3/4 филџани јогурт, 1 лажица мед, 1/2 лажичка свежо изрендан ѓумбир.

 

Смути за забрзување на метаболизмот

 

Состојки: 2 дл. јогурт, 8 бадеми, 1 филџан смрзнати јагоди, 3/4 филџани зелен чај, 1 лажичка ленено семе, 1/4 лажичка циметa, 1/4 лажичка цветови брокула.

 

 

Банана микс

 

Состојки: 1 банана, 1 киви, 3 лажички мед, 1 филџан јогурт, 1 филџан мраз.

 

Градинарски напиток

 

Состојки: свежи листови магдонос (количината е по желба), 1 келераба, 1 филџан брокула, 1 лажица ленено семе, 2 дл. вода.

 

Подготовка: Магданосот исечкајте го ситно, исто така и келерабата, а од брокулата отстранете го стебленцето и издвојте ги цветовите. Сите состојки измиксајте ги во блендер.

 

Овошна бомба

 

Состојки: 1 грејпфрут, 1 круша, изрендана кора од еден лимон, изрендан ѓумбир, 1 лажичка мед, 2 дл. вода.

 

Подготовкa: Измиксајте ги сите состојки во блендер и испијте го свежо. Грејпфрутот, лимонот и ѓумбирот го прават ова смути исклучително вкусен напиток за будење.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина