Според легендата, акупресурата е родена пред 5000 години, кога еден кинески генерал страдал од силна болка, која се движела од долниот дел на грбот до бутовите, која настанала како последица од една битка, кога бил погоден со стрела во Ахиловата тетива. Болката исчезнала, а акупресурата се родила. Од тогаш до денес, народите од Блискиот исток, а се почесто и оние од Западот, ја користат акупресурата за да го намалат стресот, да го поправат расположението, да ја ублажат главоболката, па дури и да се подмладат. А сето тоа се постигнува со масажа на одредени делови од телото.

Акупресурата се базира на верувањето дека болестите се предизвикуваат со прекин на урамотежениот ток на енергијата низ телото, а целта е да се воспостави повторно протокот и рамотежа на енергетскиот ток. Во основа, акупресурата е слична со акупунктурата, па често ја нарекуваат и нејзина ,,постара сестра,,. И двете техники користат точки и меридијани, со таа разлика што кај акупресурата не се употребуваат иглички, туку точките се третираат со притисок од прстите, палецот и дланките. Сличноста на овие две техники се огледува во ефектот. Со притискање на вистинските точки се ослободува организмот од многу тегоби. Низ телото минуваат четиринаесет меридијани или канали на примарна енергија. Со рачна стимулација на овие точки се ослободува блокираната енергија и се воспоставува балансот што му е потребен на телото.

akupresura1

Освен тоа што ослободува од болка, акупресурата ја отстранува напнатоста, која влијае негативно врз имунитетот и го скусува времето за опоравување од некоја болест. Исто така, оваа техника освен што ги отстранува здравствените проблеми, своја примена нашла и при подмладувањето. Кинските исцелители ја користат при третманите за убавина, бидејќи со стимулацијата на одредени точки може да се подобри свежината на кожата, да се ускладат и опуштат мускулите на лицето, со што се спречува појавата на брчките. Сепак, она кое треба да го знаеме е тоа дека акупресурата, или точкестата масажа, како што уште ја нарекуваат, нема идентичен ефект врз секој поединец. Некои ги чувствуваат ефектите од неа веќе по првиот или вториот третман, додека на други им треба малку повеќе време и третмани за да им реагира телото и за да можат да ги почувствуваат позитивните ефекти на душевно, физичко и емоционално ниво. Акупресурата е единствена по тоа што ризиците од нејзината примена се многу мали. Дури, ако добро ги познавате основните правила на нејзината примена, можете сами на себе да си помогнете со стимулација на точките на дланката или на лицето. Она на што треба да се обрати внимание притоа е да не се притискаат отворени рани, проширени вени, воспалена или инфицирана кожа. Исто така, постојат одредени точки кои не смеат да се притискаат за време на бременост, како што се оние на абдоменот и на одделни места на нозете, па совет до идните мајки е прво да се консултираат со акупресурен терапевт.

Иако може да ви го олесни животот, не заборавајте дека акупресурата сама по себе не е лек. Колку и да е делотворна за целиот организам, не треба кон неа да се однесуваме како кон решение за сите здравствени проблеми. Таа може да го забрза оздравувањето, но за сите посериозни состојби и тегоби сепак треба да се обратите на доктор.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина