Болките во грбот се најчесто причинети од неправилно држење, слаби мускули и нагли и неправилни движења. Кога болките ќе станат неиздржливи, обично посегнуваме по ибупрофен, аспирин или друг нестероиден противвоспалителен лек, не знаејќи дека со тоа го зголемуваме ризикот од сериозни нус-појави, како што се внатрешно крварење и срцев удар.

Едно американско истражување покажало дека повеќе од 15% од возрасните земаат повеќе од максималната препорачана дневна доза од овие лекови, со што директно и сериозно си го загрозуваат сопственото здравје.

 

Најчеста причина се грчевите во мускулите

 

Грчевите во мускулите се најчестата причина за болки во долниот дел од грбот. Поради тоа терапијата на болките во долниот дел од грбот вклучува најчесто опуштање на напнатоста на мускулите. Ризикот од појава на грчеви во мускулите значително се зголемува ако имате слаби мускули на делот на стомакот, напнати мускули на делот кај колковите, слаби мускули на грбот или кај карлицата, која е премногу поставена нанапред.

 

Околу 80% до 90% од возрасните, во еден животен период, чувствува болки во долниот дел од грбот. И мажите и жените подеднакво се подложни на овие болки. Болките во долниот дел од грбот почесто се јавуваат со годините. Првите болки се јавуваат на возраст помеѓу 30-та и 50-та година од животот. Тие се исто така предизвикани и од седечкиот начин на живот и се петта најчеста причина за посета на доктор.

 

 

Одморањето во кревет може да ги влоши болките

Можеби ќе помислите дека е најдобро малку да се одлежи, за болките да престанат, но тоа не е најдоброто решение. Едно истражување покажало дека оние кои имаат болки и кои ќе продолжат со своите нормални и вообичаени активности, многу порано болките им исчезнуваат. Ако подолго време останете во иста положба, ќе го зголемите ризикот од настанок на воспаление во зглобовите.

Не е потребно да се прави рентгенска снимка, оти нема да ја покаже состојбата на мускулите и лигаментите. Ако болките не престануваат ни по една недела или ако ви е грбот повреден, тогаш докторот може да ве прати на снимање.

 

Цврстите душеци не се секогаш најдоброто решение

Оние кои спијат на умерено тврди душеци, многу брзо забележуваат позитивни резултати. Ако мислите дека тврдиот душек ќе ви помогне, подобро земете средно тврд. Тој ќе прави помал притисок на колковите и рамењата и ќе ви дозволи да спиете во природна положба.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина