Морковот спаѓа во десетте најздрави зеленчуци во светот. Тој е зеленчук богат со бета-каротен, а покрај за вид е одлиен и за детоксификација на организмот, поради тоа што содржи големи количини влакна и витамин А. Портокаловата боја на морковот доаѓа од каротенот, кој во ниту еден зеленчук го нема толку многу. Покрај со бета-каротен, морковот изобилува и со други витамини. Тука пред се спаѓаат витамините од Б-групата (Б1, Б2, Б5, Б6) и ПП, Е, Е и Х. А. Интересно е да се наведе дека, за разлика од другиот зеленчук, содржи само 6 мг витамин Ц.

Ева како се морковот влијае и го подобрува здравјето на кожата, очите, варењето и забите. Кога се работи за варењето, морковот има големо влијание. Таа го поттикнува производството на плунката и ги собира есенцијалните минерали, витамини и ензими кои го подобруваат варењето. Со редовно консумирање на свежи моркови може да се спречи појавата на гастритис и на многу други проблеми со варењето.

Морковот е многу богат и со алкални елементи, кои ја прочистуваат и ревитализираат крвта, а во исто време помага за постигнување добра рамнотежа на киселините во организмот. Калиумот е исто така еден од минералите со кои изобилува морковот, а кој помага во оддржување на добра рамнотежа на натриумот, што автоматски влијаее на нивелацијата на крвниот притисок.

Конзумирајќи моркови, ги неутрализираме бактериите во устата и на тој начин го спречуваме расипувањето на забите. А, како прва помош при исеченици и гребаници може да послужат облоги од нарендани моркови. Покрај се, морковите содржат и фитонутритиент по име фалкаринол, кој го подобрува здравјето на дебелото црево и спречува настанок на рак. Овој зеленчук е одличен за регулирање на шеќерот во крвта, поради тоа што содржи каротеноиди.

Кога станува збор, пак, за здравјето на срцето и крвните садови, морковот и тука може да помогне, поради тоа што поради впивачките влакна со кои изобилува има можност да го зголеми добриот, а намали лошиот холестерол и на тој начин да делува превентивно при формирањето крвни згрутчувања и при здравјето на срцето.

Хранливи состојки во морковот

Од основните хранливи состојки, морковот содржи најмногу јагленохидрати (8-9 %) од каде и потекнува неговата голема енергетска вредност: 100 гр. моркови имаат 176 kJ или 42 kcal. Покрај тоа, богат е и со минералните состојки: калиум, калциум, јод, цинк, кобалт и пектин (околу 11 мг.) и етерични масла, па посебно е препорачлив за децата, поради тоа што го поттикнува физичкиот развој, ги јакне коските и ја зголемува отпорноста од инфекции. Исклучително е значаен во исхраната на трудниците, младите и старите.

Негова најголема предност во однос на другите зеленчуци е во тоа шро многу лесно се вари, па може да го користат и оние со нарушена функција на желудникот или цревата, а го зголемува и бројот на црвените крвни зрнца.

Лековити својства

Лековитите својства на морковот се бројни. Каротенот делува благопријатно на здравјето на кожата, посебно на сувата, како и на кршењето на ноктите и на косата. Спречува пролив кај бебиња и мали деца. Ефикасен е при работата на црниот дроб. Каша од варени моркови е одлично средство при запек, додека сокот од моркови го отстранува вишокот желудочна киселина.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина