Зошто треба да се јадат домати секој ден?
Доматот, сочна летна намирница, е преполн со витамини и минерали, а својата лековитост ја должи на ликопенот, материја која има антиканцерогени својства и која го намалува нивото на холестерол во крвта. Покрај тоа што, благодарение на високата содржина на биофлавоноиди, делува поволно на метаболизмот, тој во себе содржи уште и бета-каротен, калиум и бројни други корисни материи за здравјето и убавината. Поради сето ова, ова волшебен црвен зеленчук треба да биде неизоставен дел од вашата трпеза.
1. Штити од рак
Ликопенот или црвениот пигмент на кого доматот му ја должи својата боја, е еден од поважните состојки кои тој ги поседува, а кој во себе содржи антиканцерогени својства. Бројни студии покажале дека со неговото консумирање се намалува ризикот од неколку видови рак, пред се на желудникот, на дебелото црево, простатата, грлото на матката и јајчниците. Утврдено е и дека ва негово својство се зголемува доколку се консумира во облик на пир, сок или сос. Покрај ракот, доматот го намалува и ризикот од астма и хронични белодробни заболувања.
2. Здраво срце
Доматот го подобрува здравјето на срцето, а и по својот изглед наликува на овој орган. Истражувањата покажуваат дека тој има во огромни количини железо и калиум, па поради тоа претставува одлична храна за срцето и крвта, а помага и за регулирање на крвниот притисок и нивото на триглицеридите. Успешно ги прочистува и артериите, спречува артериосклероза и го намалува ризикот од инфаркт.
3. Здравје на жената
Богат со ликопен, антиоксиданс кој делува превентивно на појавата на рак на грлото на матката и рак на дојката, доматот е задолжителна намирница на менито на жените. Тој содржи значителна доза на витамин Б6, кој е витално важен за рамнотежа на естрогенот и прогестеронот, поради што е многу важен за жените во менопауза, кога доаѓа до дисбаланс на овие два хормони.
4. Подобар вид
Овој зеленчук изобилува со витамин А, Б1, Ц и калциум, кои се многу корисни и кои ефикасно делуваат на здравјето на очите и видот.
5. Против стрес
Доматот содржи големи количини корисни материи, кои му помагаат на организмот да се избори со стресот. Се смета за вистински еликсир сокот од домати во кој има додадено босилек, бидејќи ова растение содржи калциум, железо, витамини А и Ц и магнезиум, кои се неопходни за смирување на нервниот систем.
6. Штити од сонце
На врвот на листата на намирници кои ја штитат кожата од штетните сончеви зраци е доматот, поради содржината на антиоксидансот ликопен во себе.
7. Слабеење
Со редовно консумирање на домати се подобрува варњето, а организмот се чисти од токсините и се топи вишокот килограми. Покрај тоа, редовното консумирање на оваа намирница ја смалува желбата за слатки, бидејќи содржи високо ниво триптофан, материја која телото ја претвора во сератонин. Доматот е богат и со хром, минерал кој на смалува желбата за храна и го регулира холестеролот и нивото на гликоза во крвта. Доматот, исто така, може да помогне во елиминирањето на целулитот. Содржи во себе и лецитин, материја која ја јакне кожата и со тоа може да го намали ефектот на т.н. ,,портокалова кора,,.


