Алкалната диета по многу нешта се разликува од популарните диети за слабеење. Се темели на правилно консумирање на кисело-базни намирници во текот на денот, кои треба да се во размер 4:1 во полза на алкалните. Алкалната храна придонесува за целокупното здравје и спречува низа болести.

Прекумерната киселот на организмот може исклучително да биде штетна за здравјето на човекот. Оние кои се премногу кисели се постојано уморни, малаксани, без енергија и често се подложни на инфекции и настинки. Во тегобите кои ги имаат често влегуваат и гастритисот, грчевите, лошото варење, болни мускули и зглобови и главоболки. Задачата на алкалната диета е да воспостави правилна ph рамнотежа во организмот, со цел да се изгубат споменатите тегоби. Според неа, дневниот внос е во размер од 75% сирова храна наспрема 25% готвена храна. Доктор Ана Грифинг, специјалист во областа на антиејџинг медицината, тврди дека белите шеќери и индустриските намирници се главни поттикнувачи за повеќето современи болести, како што се дијабетисот, остеопорозата, високиот крвен притисок и многу други. Исто така, со нарушувањето на ph балансот преку внесување на кисели намирници се нарушува и оптималната ph вредност, која се движи од 7,35-7,45. Научниците одат еден чекор понатаму и тврдат дека малигните тумори се развиваат исклучиво во кисели средини, а не во базни, и тоа го докажуваат со фактот дека оние луѓе кои имаат карцином имаат значително пониска ph вредност, која се движи на скалата од 0 до 14, каде што најбазна вредност е 14 а најкисела е 0.

Кисели намирници до 25% дневно:

Месо: свинско, телешко, говедско, туна, дивеч, ракови, школки, месни преработки, сардини од конзерва, живина.

Овошје: сливи, мандарини, брусница, малини, нар, ананас, јаболки, праски, вишни, грејпфрут, јагоди, рибизли, папаја, цреши и др.

Базни намирници 75% дневно (алкална храна)

Зеленчук: лук, брокула, кромид, морски алги, компири, домати, карфиол, блитва, прокељ, коријандер, власец, моркови, тиква, спанаќ, зелка, зелена салата, грав, свежи пиперки, артичоки, гавез, рен, репка, ротквички.

Овошје: банани, кокос, смокви, авокадо, лимета, лимони, портокали, манго, крупи.

Друго: семки од тиква, мак, костен, босилек, маслиново масло, овес, просо, морска сол, зелен чај, ленено масло, темјан, јачмен, соино млеко, јаболков оцет.

Мени за еден ден

Појадок: омлет од 2 јајца, едно парче интегрален леб и еден домат. Потоа се пие еден чај од ѓумбир.

Ужина: една банана, семки од тиква (1 грст).

Ручек: Супа од зеленчук, јунешко со зелка.

Ужина: јаболко или грст бадеми.

Вечера: пилешко на жар (150 гр.) со салата од зелка или риба и мешана салата.

Алкалната диета е многу флексибилна, така што сами си го креирате менито за секој ден. Единствено треба да се води сметка за базните и алкалните намирници во текот на денот.

Вкусот на храната не ја одредува нејзината киселост – пример: лимонот е многу кисели, но е исклучително базна намирница, за разлика од белиот шеќер, кој е многу сладок и кој има кисела ph вредност.

За време на диетата треба да се консумира свежо овошје и зеленчук и да се пијат по 2 литри течност дневно. Рибата и месото треба да се јадат без ориз, леб и компири, а задолжителсно со салата. Житарките треба да се комбинираат со мед. Намирниците треба што помалку термички да се обработуваат, да се одбегнуваат транс мастите и индустриски преработената храна. Временски треба да има најмалку 3 до 4 часа од еден до друг оброк. За најдобри резултати, диетата треба да се применува најмалку 8 недели.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина