med_naslovna

Mедот е еден од најстарите природни засладувачи кои луѓето ги консумираат уште од најдамнешни времиња, и тоа не само поради добриот вкус, туку и заради многуте други здравствени придобивки на овој природен нектар. Мед от, всушност, може многу да му понуди на човештвото – од подмладување на кожата, преку помагање во отстранувањето на вишокот килограми и па до борба против мамурлакот. Погледнете што уште можете да добиете од волшебниот мед.

Природно го зголемува нивото на енергија

Ако се чувствувате дека немате доволно енергија, наместо по кафе, посегнете по мед. Консумирањето мед е ефикасен и потполно природен начин за подигнување на нивото на енергија, а многумина велат дека таа подобри ефекти отколку кафето. Консумирајте го на начинот на кој најмногу сакате- во чај, намачкан на леб или едноставно разматен во вода.

Го лечи воспаленото грло

Ова е еден од најраспространетите начини за користење на медот во медицински цели и навистина делува. Доколку сте настинати и имате болки во грлото, медот може да биде вистински лек. Наместо сирупи и таблети, едноставно обидете се полека да растворатево устата неколку лажички мед. За уште подобар ефект, медот миожете да го помешате со малку лимонов сок и сол.

med_1

Го зајакнува имунитетот

Медот е богат со моќни антиоксиданси кои можат да му помогнат на вашиот имунолошки систем , особено ако го искомбинирате со лимон. Доколку работите на некое место каде што често сте изложени на бактерии и микроорганизми, потрудете се секој ден да пиете чај со мед и лимон. Ова исто така, можете да му го дадете и на вашето дете, за побрзо да закрепне од грипот или настинката. Меѓутоа, ако детето се уште нема една година, избегнувајте давање на мед поради можни алергии.

Помага при слабеењето

Медот , исто така, може да ви помогне да се справите со несаканите килограми. Пијте го со топла вода и лимонов сок или јаболков оцет. Голем број луѓе ја пијат оваа мешавина наутро и велат дека тоа навистина им помага во губењето на тежината. Но, сепак, доколку сакате да изгубите некој килограм, јадете мед во умерени количини.

Мед за добар сон

Доколку имате проблем со недостаток на спиење или несоница , медот и во овој случај може да се покаже како совршен сојузник. Додадете малку мед во шолја топло млеко , промешајте и испијте го овој смирувачки и вкусен пијалок пред да легнете во кревет. Медот ќе ви помогне да се опуштите и убаво да се наспиете, а во комбинација со млеко делува како вистински седатив.

Ги лечи исечениците

Исечениците и гребнатинките можат да бидат вистинско малтретирање , особено доколку зараснуваат полека . Па затоа, пробајте директно на повреденото место да нанесете малку мед, и оставете вака да отстои. Доколку исекотината или гребнатинката е поголема, можете да преврзете и со завој. Медот е познат по своите неверојатни антибактериски својства и помага во намалувањето на отоците и болката .

Се бори против мамурлакот

Дали сте знаеле дека медот може да ви помогне малку побрзо и подобро да се разбудите по лудата ноќ? Медот содржи природни шеќери кои го помагаат процесот на оксидација на алкохолот во црниот дроб. Затоа, помешајте малку мед со јогурт и свежо исцеден сок од портокал, па испијте го овој магуичен пијалок кој ќе ви помогне побрзо да застанете на нозе.

Го отстранува лошиот здив

Да, магичниот медот е ефикасен и во овој случај. Се разбира, и понатаму ќе треба секојдневно да ги миете забите, но доколку имате поголеми со лошиот здив дури и по темелното четкање на забите, обидете се измешате малку мед и цимет, па оваа смеса искористете ја за масажа на непцата. Оваа мешавина треба да го реши проблемот со здивот многу брзо.

Тагови: Исхранамед