Истражувачите од Америка во најновата студија се обидуваат да го објаснат влијанието на исхраната на спиењето. Тие сметаат дека исхраната со многу заситени масти и шеќери влијае многу лошо на спиењето. Предлагаат дека прилагодувањето на начинот на исхрана, со многу влакна и помалку заситени масти и шеќери во исхраната, може да користи при нарушување на сонот.

 

За добар сон се препорачува исхрана со повеќе овошје, зеленчук и житарки, а со помалку преработена храна. Познато е дека таквата исхрана и инаку е добра за здравјето, посебно за кардиоваскуларните проблеми.

Главниот автор на истражувањето, Мари-Пјер, доктор во медицинскиот центар при универзитетот во Колумбија тврди дека консумирањето нездрава храна во организмот во текот на само еден ден може значајно да го наруши квалитетот на сонот. За потребите на студијата биле ангажирани 26 луѓе на старост од 30 до 45 години кои немале проблеми со спиењето. Тие 5 ноќи спиеле во лабораторијата од 22 часот навечер до 7 часот наутро (9 часа сон), и за тоа време биле следени со полисомнографија и линеарна регресија. Во текот на првите четири дена, учесниците имале контролирана исхрана, додека петтиот ден исхраната им била по нивна желба. Резултатите покажале дека во првите 4 дена од контролираната исхрана немало нарушување на сонот, додека петтиот ден имало промени во вид на подолго време за заспивање, немирно спиење и повремено будење.

 

Според студијата, овие резултати се важни поради тоа што моментално постојат многу малку информации за улогата на исхраната во спиењето, a недостасуваат препораки за можно подобрување на нарушувањето на спиењето.

 

Истражувачите наведуваат дека првобитната намена на студијата била да се истражи факторот на сонот во развојот на дебелината. Учесниците во студијата минувале низ фаза на многу кусо спиење (4 часа во текот на ноќта) со анализа на разликите во консумирањето на храна, а потоа со подолга фаза на спиење.

 

Резултатите покажуваат дека луѓето имаат тенденција премногу да внесуваат храна, посебно онаа со многу масти. Се покажало дека она што го јадеме влијае на тоа како спиеме. Тоа сознание и не е некоја новост, но е еден маѓепсан круг, бидејќи многумина подобро спијат по изедена силна храна, а некои по послаба (помалку калорична) храна. Факт е дека не треба да се вечера доцна и не треба непосредно пред спиење да се јадат големи количини масна и многу зачинета храна.

 

Сите уесници во студијата биле во добра здравствена состојба, без проблеми со спиењето. Се поставува прашањето какви би биле резултатите во студијата со поединци кои имаат проблеми со спиењето и дали некоја диета би го подобрила нивното спиење.

 

Ова истражување не ги проучувало механизмите на овие ефекти, но секако треба да се напоменат некои ефекти од дневниот и ноќниот ритам на нашето тело (циркадијални системи): консумирањето храна со висока содржина на јагленохидрати го одложува ритамот на нашиот организам и го намалува лачењето на мелатонинот, со што се одложува и спиењето. Хормоните, исто така, влијаат на ограничениот сон, како и заморот, кога луѓето не се дисциплинирани и внесуваат храна пред да си легнат.

 

Овие наоди имаат импликации на некои тераписки диети и на кеогенската исхрана (со намален внос на јагленохидрати) поради можните невролошки нарушувања.

 

Истражувањето на крајот наведува дека се потребни повеќе истражувања за да се потврдат овие резултати. Ако се утврди дека исхраната има значајна улога во квалитетот на спиењето, препораките на одредени диети можат да им помогнат на луѓето подобро да си го одморат својот организам во текот на ноќта.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина