Како најдобро да го исчистите црниот дроб
Црниот дроб има улога во нашиот организам на ,,фабрика,, за крвта. Тој учествува во процесот на обновување на крвта, а помага и во јакнење и стимулација на органите за варење во организмот. Покрај тоа, црниот дроб има уште една важна функција: ја чисти крвта и ги елиминира сите отрови и нечистотии од неа. Од тука е јасно дека чист црн дроб значи здравје, виталност, енергија, убав изглед и добро расположение. Најдобро средство за превенција на здравјето на црниот дроб е секако чистењето на црниот дроб. Еве два феноменални сокови кои многу добро влијаат врз здравјето на црниот дроб и на целиот организам. Содржат овошје, зеленчук и житарки, и за кратко време ќе ве препородат. Погледнете кои се состојки ги содржат во себе:
Лимон
Според истражувањата, лимонот е многу богат со критични киселини кои го подобруваат варењето, коe е многу битнo за добро работење на црниот дроб. Исто така, лимонот поседува моќни антисептични својства, кои го спречуваат настанокот на лошите бактерии во дигестивниот тракт.
Ѓумбир
Не можеме без ѓумбир. Докажано е дека ѓумбирот делува поволно на разните оштетувања на црниот дроб, посебно на ,,замастениот,, црн дроб, бидејќи ја намалува отпорноста на инсулинот и може да спречи воспалениja.
Грејпфрут
Грејпфрутот содржи антиоксиданси, кои влијаат добро врз здравјето на црниот дроб. Сокот од грејпфрут ги спречува проблемите со метаболизмот и го намалува нивото на масти во организмот, кој е еден од главните поттикнувачи за настанок на ,,замастен,, црн дроб.
Ленено семе
Ленот е познат како растение кое е пребогато со антиоксиданси, но истражувањата докажале дека многу добро влијае на нивото на мастите насобрани во црниот дроб.
Лук
Лукот е сјаен извор на протеини, аминокиселини и метаболити, со чие консумирање го штитиме црниот дроб од штетни материи.
Ким во прав
Дериватите од правот од семе од ким можат да стабилизираат многу функции од телесниот систем. Игра многу важна улога во стимулирањето на црниот дроб за да произведува жолчка, што е многу важно за добро варење.
Свежо нане
Нането се смета за една од најефикасните растенија кога се работи за подобрување на здравјето на црниот дроб. Истражувањата имаат покажано дека нането ја подобрува работата на црниот дроб и може да го заштити од настанок на цироза.
Свежа зелка
Зелката е исклучителен извор на витамин Ц, изобилува со растителни влакна, а содржи магнезиум, калциум, манган и витамини А, Б1, Б2 и Б6, калиум и омега -3 масни киселини, фитохемикалија индол и сулфофан. Го чисти црниот дроб од токсините и штити од добивање цироза.
Целер
Целерот е добар извор на флавоноидни антиоксиданси, како што се зеаксантин, лутеин и бета – каротен. Ја стимулира работата на црниот дроб и излачувањето на жолчката.
Круша
Крушата е добар извор на диетални влакна, кои делуваат лековито на дигестивниот тракт и на црниот дроб. Содржат калциум, железо, бакар, тиамин, фосфор и витамин К. Таа делува на работата на црниот дроб и природно го регулира нивото на шеќер во крвта.
Сок за прочистување на црниот дроб:
Состојки:
- 500 мл. вода (превриена и оладена)
- 6 свежи лимони
-
корен од ѓумбир
- 3 грејпфрути
- 4 главици лук
- 3-4 прстофати ким во прав
- 3-4 листови свежо нане
- 3 лажици ленено масло
Подготовка:
Исцедете го сокот од грејпфрутот и лимонот. Лукот и ѓумбирот исецкајте ги во блендер со малку вода и процедете ги за да не останат парчиња. Измешајте го сокот од лимонот и грејпфрутот со малку вода и и нив измешајте ги во блендерот заедно со кимот и лененото масло, лукот и ѓумбирот. Мешајте ги уште малку потоа.
Сок за детоксикација на црниот дроб
Состојки:
- 125 гр. свежа зелка
- 1 лимон
- 25 гр. целер
-
круша
-
корен од ѓумбир
- 500 мл. вода
-
свежо нане
Подготовка:
Сите состојки се мешаат добро во блендер и добиениот сок се пие. Овој сок ќе му помогне на вашиот црн дроб подобро да ги исфрли насобраните токсини од организмот.