Зошто минералите се важни за нашето здравје
Во природата, минералите се наоѓаат во неоргански облик и играат важна улога во многу биохемиски и физиолошки процеси во организмот. Во организмот тие треба да се внесуваат преку намирниците од растително и од животинско потекло, како и со водата во која се растворени. Според количината во која му се потребни на оранизмот, тие се делат на:
Основни органски елементи: јаглерод, водород, кислород, азот
Есенцијални елементи: натриум, калиум, магнезиум, калциум, фосфор, сулфур, хлор
Микроелементи: хром, молибден, манган, железо, кобалт, никел, бакар, цинк, селен, јод
Ултрамикроелементи (чијашто улога не е сосема јасна): литиум, ванадиум, бор, силициум, арсен, флуор
Различни минерали имаат различни предности, па ниеден не може да се смета помалку или повеќе корисен од другиот. Сите минерали, дури и оние во трагови, се важни за нормално функционирање на телото. Поголем дел од овие нутритиенти помагаат во метаболизмот на телото, балансирањето на водата и одржувањето на здравјето на коските, но можат да учествуваат и на стотици други начини за јакнење на нашето здравје.
Бор
Овој минерал игра многу важна улога во одржување на здравјето на коските, мозочните функции, сексуалното здравје, превенцијата од рак, лекувањето на Алцхајмеровата болест и намалување на болките во мускулите.
Калциум
И калциумот исто така го одржува здравјето на коските (ја спречува остеопорозата), го ублажува артритисот, го подобрува здравјето на забите, лекува несоница, ги ублажува предменструалните болки и грчеви, а освен тоа, важен е и за превенција и лекување на дебелината, рак на дебелото црево, болести на срцето и високиот крвен притисок.
Хром
Хромот е важен за внесување гликоза во телото, посебно за оние луѓе кои патат од дијабетес. Тој го зголемува внесувањето на гликоза од страна на клетките, која ги стимулира масните киселини и синтезата на холестеролот. Иако и двете се сметаат за негативни компоненти врз здравјето, тие се всушност важни во мали количини за функционален, здрав живот.
Железо
Ова е клучен елемент за создавање на хемоглобинот, за метаболизам на телото, мускулна активност, против анемија, за мозочните функции, за јакнење на имунитетот, против несоницата и за регулирање на телесната температура. Примарната улога на железото во организмот се однесува на создавање хемоглобин, кој гарантира циркулација на крвта и оксигенација на разни системи на органи. Поради недостиг на железо доаѓа до анемија, која се манифестира со слабост на мускулите, замор, гастоинтестинални и когнитивни нарушувања.
Магнезиум
Магнезиумот може да го регулира крвниот притисок, да спречи срцев удар, да помогне во лекувањето на алкохолизмот, заболувања на коските, грчеви, дијабетис, да помогне во менопаузата и бременоста. Исто така, неговото значење е големо и во намалување на анкциозноста и стресот, па е тесно поврзан со намалување на несоницата, а се поради неговата ензимска улога во ослободувањето на хормоните кој го смируваат телото и доведуваат до сон.
Јод
Јодот може да ублажи гушавост, фиброцистични болести на дојките, состојби на рак на кожата, додека во исто време ја подобрува негата на косата, штити за време на бременост и го подобрува метаболизмот на телото.
Фосфор
Овој минерал ја намалува слабоста на мускулите, го подобрув здравјето на коските, ги зголемува функциите на мозокот, помага во заштитата на забите и ја намалува сексуалната слабост.
Манган
Манганот игра важна улога во управувањето со метаболизмот, штити од остеопороза, ги намалува заморот и воспаленијата и ја подобрува функцијата на мозокот.
Бакар
Овој минерал ја подобрува функцијата на мозокот, го смирува артритисот, помага во негата на кожата, ги отстранува инфекциите на грлото, го поправа недостигот на хемоглобин, ги спречува болестите на срцето и го јакне имунитетот.
Калиум
Калиумот може да го зголеми шеќерот во крвта, го регулира крвниот притисок, ги спречува болестите на срцето, го зголемува протокот на вода во телото, ги ублажува болките и грчевите во мускулите и го носи кислородот во системите на виталните органи.