Во Тибет постои неверојатен комплекс од утринска гимнастика по име До-Ин, која се прави без да се стане од кревет и која трае само 3 минути. Тајната на овој комплекс е опишана во книгата „Тајните на древниот Тибетна авторот Софија Стурчак, специјалист во областа на традиционалната источна медицина. Според нејзините зборови, овој комплекс, кој го има променето животот на многу луѓе, ќе ни помогне и нам. Потребни се само 3 минути за да се доведете себеси во активна состојба и да си обезбедите добро расположение преку целиот ден.

Комплетната гимнастика До-Ин вклучува 25 вежби, но во нашиот животен ритам овој број на вежби звучи предолго. Затоа препорачуваме миникомплекс, кој се состои од само 5 основни вежби.

Со овие вежби е сосема доволно да се обезбеди добро расположение. Треба да се прават веднаш по будењето, во кревет. Можат во секој момент да се прават, секојпат кога имате потреба за тоа.

Вежба 1

Темелно истријте ги ушите прво со палецот и со показалецот, а потоа со дланките. Вкупно 10-20 триења со прстите и 10-20 триења со дланките.

Вежба 2

 

 

 

Милувајте ја главата со отворената дланка од десната и левата рака, започнувајќи од челото и одејќи кон темето, 10-15 пати.

Вежба 3

 

 

Направете го движењето „миење на лицето со отворни дланки“. Движете ги рацете горе-долу, опфаќајќи ги образите и слепоочниците, 15-20 пати.

Вежба 4

 

 

Седнете, прекрстете ги прстите и ставете ги на темето. Обидувајте се да ја зафрлите главата наназад, совладуваќи го отпорот на рацете. Правете го тоа 15-20 пати со средно темпо.

Вежба 5

 

 

Седејќи, малку наведнете се нанапред, и со испапчувањата од двете дланки тријте го лумбалниот дел од грбот со движења горе-долу. Десната и левата рака движете ги во спротивни насоки. Почнете од рбетот, движејќи се кон страничните површини. Направете 20-30 движења со лесен притисок.

Сите овие вежби ги активираат важните точки во нашиот организам, кои се одговорни за дневната виталност и енергија. Ако сакате, овој комплекс може секој да го совлада и лично да се увери во неговата ефикасност. За само 3 минути и со само 5 вежби се добиваат фантастични резултати. Наместо да користите разни лекови и да посетувате психолози и психотерапевти, правете ги овие вежби.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина