Една од најнежните, но во исто време и најефикасните начини да го релаксирате телото е преку уметноста и науката на капење, посебно ако притоа користите есенцијални масла. Капењето го намалува стресот, ги опушта напрегнатите мускули, ги отвора порите, и дава на кожата здрав сјај и го овозможува протокот на лимфата преку извлекување на токсините и отпадоците од телото преку потењето. Капењето во топла вода пред одење на спиење исто така помага во заспивањето – многу важен дел во фитнесот и губењето на вишокот килограми.

Притоа најглавна компонента тука е протокот на лимфата. Со оглед на тоа што таа нема пумпа како срцето, треба да ги земете нештата во свои раце. Неколку ефикасни начини за да се постигне тоа е преку вежбањето, масажата и употребата на есенцијални масла од кои сите тие многу добро коинцидираат заедно. Кога лимфата ќе ,,стане мрзелива,, тоа може да доведе до хронично заболување, слаба циркулација, алергии, дебелеење и целулит. Употребете ги овие капења за детоксификациаја и исфрлање на сите отрови од организмот. Внимателно одбраните масла можат особено многу да ја зголемат моќта на капењето.

Есенцијалните масла се добиваат преку дестилирање на корените, листовите и цветовите од диви или органски одгледувани растенија. Кога ќе ги втриете на кожата или ќе ги ставите во водата за капење, тие ги пренесуваат нивните суптилни мириси до делот од вашиот мозок кој е задолжен за чувството на добра кондиција и хармонија. Од тука потоа се пренесуваат до хипоталамусот, жлезда која го регулира депресијата, анкциозноста и хормоналниот баланс. Есенцијалните масла се создадени со бројни позитивни ефекти, вклучувајќи го задржувањето на вода и отпадоците од масти, намалување на стресот и анкциозноста (намалувајќи го кортизолот, а за возврат потпомага во намалување на тежината), и намалување на болките во мускулите. Истражувачите тврдат дека одредени есенцијални масла можат да го стимулираат хипоталамусот да го намали апетитот, да ослободи од болки и да го стимулира имунолошкиот и лимфниот систем.

Најпосле, ако сакате директно да ги втриете во кожата, прво гледајте да ги помешате претходно со друго масло (како на пример бадемово, макадамово или јојоба).

Еве за што меѓу другото се користат есенцијалните ароматични есенцијални масла

  • Жалфија ги потпомага ендокрините функции и помага во ослободување на течноситте од отечените ткива.
  • Чемпрес ги зајакнува ослабените сврзни ткива, ја подобрува еластичноста на кожата и чисти од отрови.
  • Грејпфрут ги разградува натрупаните масти, има тонирачки и затегнувачки својства и исто така е многу антибактериско.
  • Лимон го прочистува организмот и го ослободува од мастите.
  • Лимонова трева – го зајакнува сврзното ткиво и ја поттикнува лимфната дренажа. Делува и како диуретик, чистејќи го вишокот од течности.
  • Портокал – ја стимулира циркулацијата и помага во зголемување на протокот на лимфата, ослободувајќи од надуеност
  • Роза и лаванда – намалува стрес и ги контролира нападите на глад.
  • Рузмарин, пеперминт и мандарина – намалува мускулни болки, главоболки артритис.
  • Јунифер – помага во чистење на организмот од отрови

Но треба да се знае дека овие масла не се лекови, ниту се замена на некои терапии. Се користат исклучиво како превентива, за релаксирање и поправање на расположението и за нега на кожата

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина