Проверен рецепт за долг живот: Ова е тајната на Шаолин свештениците!
Принципите на оваа филозофија може да ја примените без разлика на тоа каде живеете и со што се бавите, а здравјето и долгиот живот ќе ви бидат осигурани!
Доколку барате проверен рецепт за здравје, мир и долговечност, побарајте го од поискусните кои речиси две илјади години успеваат да живеат во склад со себе и природата. Иако заоадниот свет ги поврзува само со Кунг Фу, Таи Чи и слично, Шаолин свештениците за животот знаат многу повеќе.
Се знае дека овие свештеници многу долго и здраво живеат, дека се витални и смирени и дека нивното учење е комбинација на учењето и верувањата на будизмот и таоизмот. Попрецизно речено, тие веруваат дека секој од нас има еден единствен пат и во себе носи вистина до која мора да дојде сам со помош на различни техники (боречки вештини, медитација).
Шаолин свештениците не можат реалноста да ја направат поубава, бидејќи стварноста зависи само од тоа како секој се гледа сам себе и својот однос со светот.
Кунг Фу може едноставно да се преведе како “тешка работа” или “труд” и за Шаолин свештениците претставува главна алатка за тоа ако сакате да се запознаете себеси и да го пронајдете својот пат. Принципите на оваа филозофија можат да се применат каде и да живеете и со што и да се занимавате, а на овој начин се осигурани здравјето и долгиот живот. Така, Шиф Јаб Леи, кој припаѓа на 34-тата генерација на мајстори на овие боречки вештини, напишал неколку совети за сите оние кои сакаат да живеат долго и здраво и да ја зачуваат својата виталност.
1.Немојте премногу да размислувате. Размислувањето троши многу енергија. Од премногу размислување стареете.
2. Немојте премногу да зборувате. Повеќето луѓе премногу зборуваат. Подобро повеќе работете.
3.Кога работите, работете 40 минути, а потоа направете пауза 10 минути. Кога подолг временски период гледате во нешто, било што и да е тоа, го нарушувате својот вид и внатрешните органи, како и внатрешниот мир.
4.Кога сте среќни, контролирајте го тоа чувство. Кога ја губите контролата, ја уништувате енергијата во белите дробови.
5.Немојте премногу да се грижите или да се лутите, бидејќи на овој начин ја расипувате енергијата и работата на црниот дроб и цревата.
6.Кога јадете, не јадете премногу. Кога ќе се прејадете, ја нарушувате работата на слезинката. Јадете по малку кога ќе почувствувате глад.
7.Кога нешто работите, не брзајте, одете постапно и пополека. Или како што велат тие : “Одете пополека и побрзо ќе стигнете”
8.Доколку се занимавате само со физичка активност и не ги правите Qi gong (Куи Гонг) вежбите (за фокус, правилно дишење), ќе станете многу нестрпливи и нервозни. Ќе го изгубите балансот во вашето тело, ќе го изгубите Yin (женски принцип- зло, темница) кој заедно со Yang принципот ја одржуваат рамнотежата.
9.А, доколку не се занимавате со физичка активност, само се одмарате или медитирате повторно го губите балансот и нема да имате Yang енергија (машки принцип- дух, љубов, светло, добро).
10.Шаолин Кунг Фу ви дава се. Суштината на тренингот е да се направи баланс помеѓу Yin i Yang. Не е важно колку часа вежбате. На телото треба да му го дадете она што му е потребно.