Салатите се одличен извор на витамини, минерали и влакна. Содржат многу малку калории, па затоа можат да бидат присутни во сечија исхрана. Големиот избор на сезонски зеленчук и разни додатоци ви даваат многу идеи, па така салатите тешко можат да бидат еднолични и монотони.

За овие топли денови ви препорачуваме неколку освежувачки салати кои лесно може да се вклопат во било кое мени. Некои од нив се помалку необични, но имајте храброст да ги испробате, уверени сме дека ќе ви се допаднат.

Салата со круши и сланина

salata_kruska-i-slanina

Оваа салата е малку поинаква од класичните салати, но иако малку различна, таа е подеднакво вкусна. Можеби и вие сте од оние кои се малку скептични во врска со овошно-месните комбинации, меѓутоа крушката во оваа салата ја ублажува тежината на печената сланина и силниот вкус на руколата. Оваа салата ќе ве засити. За подобар сооднос на протеини и масти, сланината можете да ја замените со варена шунка.

Потребни состојки:

  • 150 g круши (1 средна круша)
  • 60 g рукола
  • 50 g тенко исечена сланина
  • 10 g лешници
  • 1/2 лимон

Начин на подготовка:

Крушата измијте ја, исчистете ја и исецкајте ја на тенки стапчиња.

Руколата исто така измијте ја и со раце иситнете ја на помали парченца. Сланината лесно пропрќете ја во загреана тава. Лешниците исчистете ги и исецкајте ги на покрупни парченца.

Во еден подлабок сад измешајте ја крушката, салатата и сланината. Наросете со лешниците и зачинете со свежо-исцеден сок од лимон.

Хранливи вредности (во комбинација со сланина):

Енергетска вредност: 402 kcal

Протеини: 11 g

Масти: 30 g

Јаглехидрати: 28 g

Хранливи вредности (во комбинација со варена шунка):

Енергетска вредност: 271 kcal

Протеини: 19 g

Масти: 11 g

Јаглехидрати: 28 g

Салата со цвекло и јаболко

slata_cveklo-i-jabolko

Многу освежувачка салата што се подготвува за само 5 минути. Цвеклото е одличен извор на железо, особено во комбинација со сок од лимон или лимета. Освен железо, содржи и кобалт кој учествува во создавањето на витаминот Б12, кој често им недостасува на вегетаријанците. Притоа, цвеклото е одлично и за лечење на слабокрвноста. Во комбинација со јаболкото, цвеклото нуди одлично летно освежување. За приготвување на оваа салата можете да користите фета сирење, но и било кое понемасно сирење и на тој начин да го зголемите внесот на протеини.

Потребни состојки:

  • 100 g јаболки (1 мало јаболко)
  • 50 g цвекло (половина цвекло)
  • 40 g рукола
  • 50 g фета сирење
  • 1/2 лимон или лимета

Начин на подготовка:

Јаболкото измијте го и изрендајте го. Цвеклото излупете го, измијте го и изрендајте го. Сирењето исечете го во коцки.

Добро промешајте ги сите состојки и зачинете со сок од лимон.

Хранливи вредности (со фета сирење):

Енергетска вредност: 184 kcal

Протеини: 7 g

Масти: 8 g

Јаглехидрати: 23 g

Хранливи вредности (со немасно сирење):

Енергетска вредност: 118 kcal

Протеини: 7 g

Масти: 1 g

Јаглехидрати: 23 g

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.