Сезоната на цреши е пред нас, а тие, освен што се вкусни и што освежуваат, можат да бидат ваш најдобар сојузник во борбата против разни болести и тегоби. Според мислењето на многу стручњаци, црешите се ,,природен лек од дрво,,. Еве зошто уште треба да се јаде ова овошје во големи количини.

1. Го чуваат срцето

Овие црвени плодови, кои на многумина им се омилен летен десерт, се богат извор на цинк, железо, калиум, манган и бакар. Калиумот делува ефикасно на здравјето на срцето и е важна компонента на клетките и телесните течности кои ја регулираат работата на срцето и крвниот притисок.

2. Противвоспалителни својства

Благодарение на силното притвоспалително дејство, црешите претставуваат најдобар сојузник во борбата против болките во зглобовите. Богати со антиоксиданси (полифеноли, витамини Ц и Е и бета-каротен), ова овошје ја спречува оксидацијата на клетките која ги следи воспалителните процеси, па им се препорачува на луѓето кои болуваат од гихт и артритис или кои имаат спортски повреди. Според тврдењата на стручњаците, 20 цреши дневно имаат дејство посилно од една таблета аспирин.

3. Црешите го поттикнуваат варењето

Со помош на нивните заштитни киселини и овошен шеќер, црешите ја поттикнуваат работата на желудникот, цревата и панкреасот и со самото тоа го поттикнуваат варењето. Освен тоа, црешите ја исфрлаат водата од организмот и на тој начин ги растоваруваат срцето и крвотокот и ги активираат бубрезите и црниот дроб. Исто така, антибактериските супстанции во црешите спречуваат создавање на забни наслаги и можат да го спречат настанокот на кариес и проблемите со непцата, како што е пародонтозата. Исто така, ова овошје ги чисти бубрезите и мокрачните канали, бидејќи е одличен диуретик кој го поттикнува лачењето на урината.

4. Штитат од рак

Антиоксидансите, како што се лутеинот, зе-ксантини бета-каротенот, ќе ги најдете и во слатките цреши, но сепак ги има повеќе застапено во вишните. Овие соединенија делуваат како чистачи од слободните радикали и другите штетни соединенија кои играат важна улога во стареењето, развојот на рак и разни болести. Црешите делуваат позитивно и на концентрацијата, рамнотежата и координацијата на движењата. Диеталните влакна, пак, во црешите го намалуваат ризикот од настанок на рак на дебелото црево.

5. Против брчки и стареење

Црешите се препорачуваат на оние кои патат од астма и алергии, но и на сите оние кои сакат да имаат убава кожа, затоа што тие го поттикнуваат производството на колаген. Ова овошје содржи антоцијанидин, кои го јакнат сврзното ткиво и го спречуваат настанокот на брчки така што ги уништуваат шттените ензими, кои ја прават кожата стара и набрчкана. Црешата е и природен лек против целулитот, бидејќи може да ја спречи неговата појава.

6. Подобро расположение и полесен сон

Црешите содржат и антиоксиданс мелатонин, кој го смирува нервниот систем и така помага против неврозата, несоницата и главоболката. Имено, мелатонинот помага да се одржи нашиот биоритам уреден и точен. Исто така, научниците од универзитетот во Луизијана откриле дека природниот сок од цреши влијае на сонот. Нивното истражување покажало дека испитаниците во просек спиеле 85 минути подолго откако две недели секојдневно пиеле по две чапи од овој сок.

7. Слабеење

Црешите имаат многу малку мрснотии и се нискокалорични – во 100 грама цреши има само 63 калории, па затоа се одлична намирница за диетите. Поради големата количина на вода и малкуте калории, црешите помагаат во слабеењето. Благодарение на влакната и пектинот, ова овошје придонесува за чувството на ситост. Во себе содржат многу калиум, а малку натриум, што помага во излачувањето на водата од организмот.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина