Да се отспие само неколку минути дневно ќе ви помогне многу за да ги ,,наполните батериите,, и да продолжите свежи во текот на денот. Одморањето на телото и умот е клучно за нашиот изглед и доброто чувство. Одвреме – навреме стилот на живот и акумулираниот стрес кој влијае физички врз нас, ни испраќа сигнали малку да забавиме и да одмориме за миг. Шпанците не се луди што ја негуваат традицијата на секојдневна попладневна сиеста, за да можат во текот на денот да ја повратат енергијата. Некој има време за неа, а некој, за жал, нема.

 

Но, оние денови кога ќе ви се укаже можност, искористете ја за да се напоите со нова енергија. За тоа не ви се потребни повеќе до 20 минути дневно. Умот и телото ќе ви бидат благодарни и ќе бидете повторно мотивирани за да продолжите со вообичаената дневна рутина.

Без разлика на тоа што не може да се спореди со 8-часовното спиење, при кое телото се регенерира, тоа е добар начин за да исклучиме и одмориме. Единствено нешто на кое треба да се внимава е навивањето на часовникот, за 20 минути да не се пролонгираат на плус некој час сон. Сега кога се знаете, ,,исклучете се,, по ручекот и уживајте во кусиот попладневен одмор. Никој нема да ви замери за тоа, а телото ќе ви биде благодарно.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина