За разлика од витамините, јагленохидратите, мастите и протеините, минералите се хранливи елементи кои се наоѓаат во секое овошје и зеленчук, месо, млеко, јајца, житарки, па дури и во водата. Нивното значење во зачувувањето на здравјето е пресудно, посебно она на селенот и цинкот.

 

Селенот најмногу го има во квасецот, рибата, школките, бразилскиот орев, лукот, житарките и сончогледот. За неговиот ефект врз организмот да биде потполн, се препорачува во организмот да се внесува со витаминот Е. Селенот е составен дел на одредени ензими во организмот, вклучен е во заштитата на организмот од слободните радикали, учествува во создавањето на леукоцитите, го подобрува клеточниот имунитет, дел е од синтезата на хормоните на штитната жлезда, нормалната функција на простатата, панкреасот и црниот дроб.

 

Добри извори на цинкот се црвеното месо, остригите, раковите, школките, легуминозите, житарките, квасецот и печурките.

 

Цинкот во многу мали количини се апсорбира од храната, затоа се препорачува тој да се внесува преку суплементи. Тогаш не треба да се зема истовремено со кафе и со храна која е богата со растителни влакна, бидејќи ја отежнуваат нивната ресорпција.

 

Цинкот, пак, е важен за транспортирањето на јаглерод диоксидот од ткивата до белите дробови, за синтеза на протеините, инсулинот, за клеточната делба, растот и репродукцијата, за зачувување на имунитетот, за метаболизмот на лековите и за нормално функционирање на сетилата за вид, вкус и мирис. Неговиот дефицит најчесто ги погодува луѓето во третото доба, поради намалениот степен н ресорпција и болести на бубезите, дијабетес и хронична дијареја. Недостигот на овој важен минерал се доведува во врска со појавата на сенилна деменција од Алцхајмеров тип. Покрај дефицит, доаѓа и до намалување на бројот на Т-лимфоцитите, односно до нарушување на имунолошкиот систем и зголемен ризик од инфекции и канцерогени заболувања.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина