Врелите напитоци ги уништуваат сетилните пупки во јазикот, па затоа воздржете се додека да се олади пијалокот. Некои сметаат дека ако им се отапи сетилото за вкус, дека помалку ќе уживаат во колачите или пржените компирчиња. Но, истражувањата покажале дека се случува токму спротивното.

Навики поради кои се губи добриот вкус

Повеќето калории кои една просечна личност дневно ги консумира доаѓа од заситените маснотии и шеќери, како што се нездрави грицки и слатки. Секојдневното консумирање на многу солена, конзервирана, мрсна и зачинета храна ги уништува пупките за вкус на јазикот и така оневозможува да се ужива во послабите префинети вкусови на храната. Истражувањата покажале дека консумирањето на многу засладени пијалоци веќе за месец дена можат да ги отапат пупките на јазикот. Еден од пороците, како што е пушењето, може да го умртви сетилото за вкус на непцето. Некои сметаат дека ако им отапи сетилото за вкус дека помалку ќе уживаат во колачите или пржените компирчиња . Но, истражувањата покажале дека се случува токму спротивното и дека оние кои имаат намалена чувствителност на вкусовите се многу често дебели или имаат прекумерна телесна тежина. Очигледна причина за тоа што имаат потреба да консумираат поголеми количини солена и мрсна храна за да ги задоволат потребите за вкусовите. Ви претставуваме неколку совети како можете да спречите да се намали сетилото за вкус или да се загуби:

  • Престанете да јадете ,,глупости,,
  • Ако сакате да ги обновите своите пупки за вкус, обидете се на една недела да ги исфрлите житарките со засладувачи и чипсот. Потоа почнете повторно да ги јадете и ќе забележите дека нивниот вкус е претеран

  • Пијте вода
  • Во текот на денот, пијте вода и џвакајте гума за џвакање без шеќер. Тоа ќе ги заштити пупките за вкус во усната шуплина и ќе го подобри своето чувство за вкусовите

  • Одбегнувајте многу топли напитоци
  • Врелите напитоци ги уништуваат сетилните пупки, затоа чекајте да ви се олади пијалокот

Јазикот е огледало на здравјето

Јазикот е огледало во кое се огледува состојбата во нашиот организам. Неговиот облик, боја, сувост-влажност, наслагите и можните бројни промени, како пукнатини, линии и др. се важни делови од сложувалката кои, сите заедно, создаваат јасна слика за здравјето, но само за оние кои знаат да ги читаат таквите пораки. Меѓутоа, еден од показателите кој може на сите да ни биде од полза во секојдневното следење на личната здравствена состојба се воочените наслаги на делот од јазикот.

Наслагите се секогаш знак за неурамнотеженост и предупредување дека дошло време да се свртите кон своето здравје за да не дојде до болест. Здравиот јазик е секогаш свеж и има розова боја. Секаков облик на наслага, без разлика на нивната количина и боја, е знак за појава на токсини во телото, за што сигурно е одговорен вашиот начин на исхрана.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина