Ноќното потење не е ни малку безопасно. Инфекции, рак, лекови, анкциозност и хипогликемија се некои од можните причини за ноќното потење, иако тоа во повеќето случаи е само последица од превисоката температура во собата.

 

 

Освен топлиот воздух, најчести причини за ноќното потење се и хормонските промени исто така. Еве ги симптомите од нив…

 

1. Менопауза

 

Ноќно потење може да бидат валунзите. Жените во состојба на менопауза често доживуваат бранови на топлина, кои можат да се појават и сред ноќ и да ги разбудат во врела пот.

 

2. Лекови

 

Антидепресивите, психијатриските лекови, па дури и аспиринот можат да предизвикаат ноќно потење. Ако пиете некои од овие лекови, разговарајте со својот доктор дали тие можат да бидат причина за ноќно потење и дали можете да ги замените со некои други.

 

3. Рак

 

Ноќното потење може да биде ран симптом на рак и чест случај е кај лимфомите.

 

4. Инфекција

 

Тубекулоза, апцес, ендокардитис или остеомелитис (воспаление на коските), можат да предизвикаат ноќно потење. Друга посериозна инфекција, како АИДС, исто така може да предизвика ноќно потење.

 

5. Анкциозност

 

Потењето навечер може да биде предизвикано и од стрес и анкциозност. Другите симптоми на анкциозност и стрес се нервоза, напнатост, напади на паника, постојано чувство на замор или слабост, пречки во варењето и проблеми со спиењето.

 

6. Нарушувања во спиењето

 

Ноќното потење може да предизвика и разорна апнеа во сонот или некое друго нарушување на спиењето. Други симптоми кои го следат деструктивното спиење вклучуваат нагло будење поради чувство на гушење, дневна поспаност и висок крвен притисок.

 

7. Хипогликемија

 

Болните од дијабетес исто така можат ова да го доживејат, бидејќи ниското ниво на шеќер во крвта, помеѓу останатото, може да предизвика и потење.

 

Тагови: потење
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина