Зборот вумбилдинг е кратенка од зборот Vum (контролирање на вагиналните мускули) и англискиот збор “building” развој (градење). Кажано со други зборови, тоа е интрена обука на интимните мускули и способноста за нивното контролирање. Тоа е уметност која е позната од дамни времиња. Уште пред 2000 години, сопругите на кинеските цареви правеле посебни вежби од ваков вид. Оние жени кои се во состојба да правуваат со вагиналните мускули, биле сметани за елита и биле дел од многу верски учења.

Колку е иронично што изумителот на името вумбилдинг е маж. Неговото име е Владимир Муранивски. По професија бил воен инжењер и изумител. Во младоста живеел на Далечниот исток, каде се вљубил во Корејка. Малечката жена со нежна градба му подарила божествена љубовна ноќ, во која искусил живописно сексуално искуство. Потоа открил дека жените од Истокот, за разлика од жените од Западот, тоа го постигнуваат со секојдневно вежбање на вагиналните мускули.

Жените многу често се соочуваат со проблемот на опуштени вагинални мускули, кои настануваат као последица од породување или хируршки интервенции. Вежбањето помага да се зајакнат и стомачните мускули, задникот и колковите. Се одржува сексуалната рамнотежа и се одложува менопаузата. Во процесот на обука активно се вклучени. Со неа сексуалниот живот станува подобар, додека силните, еластични мускули овозможуваат посилни ,,прегратки,, и посебни чувства кај мажите и жените. Вежбата го зголемува нивото на феромон и ја стимулира сексуалната енергија, па жените кои ги практикуваат овие вежби сјаат одвнатре и се поактивни. Пред да се впуштите во вежбање на интимните мускули, потребно е да се консултирате со својот гинеколог, бидејќи постојат контраиндикации – проблеми со матката, воспалителни и заразни болести на гениталните органи и др.

Постојат неколку видови вежби кои се применуваат за овие мускули, воглавно со помош на кондом, но наједноставната вежба која може и дома да се применува е секојдневното стегање и опуштање на интимните мускули. Се започнува со 2 минути и постепено се зголемува на време до 20 минути. Оваа вежба се прави најмалку три пати дневно. Во рок од 10 секунди, брзо се компресираат и декомпресираат мускулите, а потоа се одмора 10 секунди. Доволно е да се направат по 3 серии.

Постојаното тренирање на вагиналните мускули го поткрепува секој здрав и тонизирачки систем на жената. Исто така, тоа ги олеснува процесот на породувањето (отворајќи го грлото на матката и вагината ) и доведува до позабрзано закрепнување после породувањето, односно на постпородилните лузни.

Резултатите се веднаш видливи. Но, по еден месец или два редовно вежбање ќе ги забележите промените кај себе. Најверојатно нив ќе ги забележи и вашиот партнер и ќе ги цени.

Предупредување: пред да се започне со учењето на вумбилдингот, треба да се посети задолжително некоја пренатална клиника. Инфламаторните процеси на грлото на матката се сериозна закана и ќе треба овие вежби да се оддолжат за некои подобри времиња. Тие се контраиндицирани во бременоста.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина