Ако ви треба дополнителен поттик да  започнете со секојдневните вежби, особено да си направите да ги практикувате вежбите за сила, новото истражување кое било објавено во списанието Strength and Conditioning Journal,, открива дека со вежбите за сила, може да ja подобрите меморијата и другите важни функции на мозокот.

Во едно истражување  биле  вклучени 62 мажи на возраст од 65-75 години. Истаржувањето  траело 24 недели. Тие требало да прават вежби за сила 3 пати неделно. Една група правела вежби со умерен интензитет на енергија, и другата со малку повеќе зголемен интензитет.

Научниците од самиот почеток, како и на крајот на истаржувањето, го  мереле нивото на концентрација, краткорочната и долгорочната меморија. Тие, исто така, пополниле прашалник во кој биле опфатени прашањата за нивното расположение и квалитетот на животот.

Резултатите покажале дека и двете групи имаа подобри резултати на тестовите за меморија по завршувањето на истражувањето, соодветно, по секојдневната примена на  вежбите за сила.

Претходните истражувања покажале дека вежбањето може да го подобри фокусот и рефлексите, што е од особена важност  за постарите лица.

Експертите веруваат дека со  вежбите за  сила се  промовира протокот на крв во мозокот, со што мозокот добива повеќе ниво на кислород и хранливи состојки.

Исто така, вежбите за сила го подобруваат  вашето расположение, и докажано е дека подобро расположение значи и подобри когнитивни вештини.

Ја почитува здравата исхрана,посебно овошјето и зеленчукот,љубител на животни,верува во љубов,омилено место за живеење Париз