Доколку прашате некој маж кое е најдобро гориво за мускули, тие најверојатно ќе ви кажат пилешко или стек. Или и едното и другото. И, во право се. Но, ако сте со месеци на диетален план за градење на мускулите, дури и најсочниот стек престанува да ве мами. Една здрава диета се базира на разновидна исхрана, поради што ви ги претставуваме петте храни кои сте ги заборавиле. Додадете ги овие во вашата следна листа на пазарување.

Багел

Наполнете го со печено пилешко месо. Замената на вашиот бел леб со багел е доволно за да додадете дополнителни 6 гр. Протеини. Да не ги споменуваме тука и 2 гр. шеќер што ќе ги скратите притоа од вашето дневно мени.

Боранија

Овој зеленчук е и повеќе од потребен при градењето мускули. Сојата што се содржи во него ја зголемува мускулната маса и ги ослободува протеините многу побавно од сурутката. Долготрајната исхрана на мускулите ја намалува болката од следниот ден од вежбањето и можете побрзо да се вратите во теретаната.

Аспарагус

Овој зелен џин содржи голема количина на Д-аспартинска киселина, која може да ви го зголеми нивото на тестостерон за 42%. Консумирајте го печен на скара за да го зголемите мускулите.

 

Школки

Содржината на 33 гр. цинк во школките ќе ви ја зголеми силата за 15%. Веднаш појдете во најблиската рибарница и набавете си свежи школки.

Јаболка

Поради нив докторите имаат се помалку работа, но она што не сте го знаеле е дека нивната кора е одличен градител за бицепсите. Богати со урсолична киселина, компонента која ја зголемува скелетната мускулна маса и ја подобрува издржливоста. Со тоа ова овошје внесува сосема ново значење во терминот основна сила.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина