Оваа варијација која е изведуба во лежечка положба со оптоварувања од средна категорија спаѓа во вежбите за јакнење на јадрото – вели тренинг советникот Дејвид Џек.

Џек е креатор на оваа вежба, во која има додадено и елементи за коодинација, бидејќи е неопходно да се контролира движењето на нозете. За време на овие движења активни се и колковите како и долниот дел од телото, кој ќе поднесува голем отпор на сила при поместување на медицинката. На удар ќе бидат и мускулите на рацете поради серијата од експлозивни движења.

 

Задржувањето на брзината, силата на јадрото и координацијата се трите основни цели кои се клучни за креирање агилност на телото. Изведувањето на оваа вежба исто така ќе го забрза и срцевиот ритам, па со самото тоа спаѓа во категоријата на кардиоваскуларни вежби. Џек советува оваа вежба да се прави помеѓу 20 – 30 секунди, а потоа да се одмора 30 секунди. Тоа е еден круг, а вкупно треба да се направат по 5 круга.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина