5. Јадење јагленохидрати доцна навечер

Некои закоравени бодибилдери ќе ви кажат дека единствен начин за градење мускули е постојаното јадење. Секакви калории и постојано. Но, на ваквиот совет му недостига добра информираност, а тоа е дека оброците кои се консумираат подоцна во ткот на денот треба да бидат добро обмислени.

На почетокот од денот, на телото му се потребни јагленохидрати – постот преку ноќта ве остава без гликоген, па првите оброци ќе го ,,наполнат вашиот резервоар. Но, како што одминува денот, гликогенот се натрупува, а метаболизмот ви се забавува, што значи дека јагленохидрите кои ќе ги внесете подоцна ќе се наталожат во вид на масти, а јагленохидратите изедени наутро даваат енергија. Затоа ако изедете уште една шолја кафеав ориз со пилешко или чинија житарки пред да си легнете, си барате неволја… масна неволја.

Поради тоа, најдобро е јагленохидратите да се јадат со првите оброци, а не во попладневните часови. На овој начин тие нема да се претвораат во масти. Подобри алтернативи за доцните часови се протеински шејкови со ниски нивоа на јагленохидрати или без јагленохидрати или изварка, кои ќе ви обезбедат мала количина на аминокиселини за да ги закрепне мускулите преку ноќта.

6.Преголема конзистентност

Вчера сте направиле 225 подигања во 10 серии. Одлично. Секако, тоа би било одлично за вас, само што сте направиле 225 за сите 10 серии, а не на секоја серија? Не дека нема ништо да добиете од овие серии, но без  прогрес, го намалувате на половина целокупното напредување. За да се градат, на мускулите им е потребна стимулација. Затоа, следниот пат обидете се да направите 235 подигања со 8 – 9 серии. Сигурно веднаш ќе забележите напредок. Секојпат кога одите во теретана обидете се да не се придржувате до вашиот начин на тренирање. Постепено додавајте тежина, изведувајте дополнителни серии и повторувања. На тој начин ќе го потсилите сопствениот напредок.

7. Одбегнување внесување на масти

Ако јадете масти, ќе добиете масти, така? Погрешно. Ако се придржувате до оваа застарена филозофија, можеби ќе се ограничите на тоа колку сила и мускули ќе добиете, а да не спомнуваме колку телесни масти можете да загубите.

Повеќето извори на здрави масти – омега – 3, мононезаситени и некои заситени масти – имаат некои други бенефити, кои можат да ви помогнат да издржувате подолго во теретаната. Црвеното месо, кое повеќето го одбегнуваат поради неговата висока содржина на заситени масти, е богато со креатин, кој ви помага повеќе да кревате тежина и е преполно со витамини како Б6, Б12 и тиамин, кои ви помагаат подобро да ги искористите мастите и јагленохидратите за време на тренинзите. Исто така, здравите масти од извори како лосос, ореви, авокадо и маслиново масло всушност можат да поттикнат губење на мастите. CLA (групирана линолинска киселина), здрава маст пронајдена во говедското месо, служи како моќен топител на мастите и треба да биде додаток во вашата исхрана преку целата година, како и рибјото масло, кое има многубројни здравствени бенефити, вклучувајќи го здравјето на зглобовите (го ублажува воспалението), го забрзува закрепнувањето и согорувањето на мастите.

За одржување на општото здравје и согорување на мастите, треба секојдневно да консумирате заедно со оброците по 3 грама рибјо масло и 2 – 3 грама CLA 2 – 3пати на ден.

8. Да не се биде конкретен

Која е вашата цел? Дали не сакате од сите страни да ви се тресат масни перничиња? Или сакате извајано тело? Постои начин преку вежби да се постигне да имате ултра тенки, посебно обликувани абдоминални мускули на кои сите можат да ви позавидат. Многумина вежбачи глупаво се обидуваат веднаш да добијат резултати и притоа вежбаат повеќе вежби наизменично. Но, принципите на специфичноста диктираат дека најдобрите реултати се постигнуваат кога ќе се посветите себеси целосно само на една цел при вежбањето.

На пример, оние кои се во потрага на градење на големи мускули, треба да креваат тешки тегови и да прават подолги периоди на одмор. Исто така, потребен им е план на исхрана, со многу калории, јагленохидрати и протеини. Нема никаква смисла еден кревач на тегови да помине еден час и повеќе на кревање тегови пред појадок, бидејќи ова ќе го лиши од калориите кои му се потребни за да постигне градење на мускулите.

Затоа е многу важно да ги одредите вашите специфични цели од тренирањето, а потоа да следите докажана напредена тренинг програма која ќе ви помогне да ја остварите таа цел.

9. Игнорирање на себеси

Со оглед на тоа што стратешката употреба на многукратниот тренинг е клучна компонента за поттикнување на хипертрофија (раст на мускулите) и добивање сила, а бидејќи одредени резултати најдобро се постигнуваат со одредени повторувања, многу е важно да знаете колку навистина сте силни. Зошто? Кога ќе се земе еден вежбач кој доволно знае дека растот на мускулите најдобро се постигнува со 8 – 12 повторувања, тогаш тој знае дека ако застане на 12 повторувања на последната серија, а можел да направи уште 2 – 3 пати, драстично ги лимитира своите можности за раст на мускулите. Навистина, самооценувањето е важно за бодибилдерите, бидејќи тоа го намалува вмешувањето на други стапици, како што е егото (користење премногу тежини), плашливоста (користење многу малку тежини) или нецелосно знаење (да не се знае разликата). Најдобриот начин за да ја оцените вашата стартна точка на повторувања е преку осознавање на максимумот на своето првично повторување при подигање на тежина после навистина добро загревање.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина