Софија Ничиќ -Фитнес модел и инструктор
Која е Софија Ничиќ?
Имам 22 години и сум од Кавадарци, студирам на економски факултет ,, Гоце Делчев’’ во Штип. По природа сум доста енергична,прогресивна, искрена, организирана и позитивна личност. Пред се сакам да му помагам на луѓето колку можам. Моите тренинзи се секогаш иновативни и се максимум екстремни. Моето слободно време е збогатено со спорт, и добра музика. Најдосадниот дел од денот ми е кога треба да се спие. Уште од рана возраст тренирав гимнастика и ракомет, обожавам трчање, пливање и лизгање на мраз. Редовно посетувам латино и хип хоп забави.Кога не сум во теретаната секогаш го исполнувам времето со трчање и слушање музика. Обожавам да се облекувам спортски, а моја омилена спортска марка е nike.
Колку време се занимавате со фитнес?
Со фитнес се занимавам 7 години редовно посетувам теретана. Тоа го правам и во местото каде што студирам. Работам како фитнес инструктор и персонален тренер.
Како изгледа еден ваш тренинг?
Мојот тренинг започнува со вежби за загревање, каде што правам разни вежби за истегнување да го припремам телото за главниот тренинг со тежини. Каде имам и кардио загревање од 10 минути. Многу често практикувам разни фитнес вежби за стомачни.Желбата за рамен стомак и тонирани стомачни мускули бара доста напор и правилна исхрана. По завршувањето на главниот тренинг со тежини следува скокање со јаже, бидејќи се активираат и рацете, а и целото тело е во движење.На крајот кардио и повторно вежби за растегнување. И секако опуштање на мускулите во топла бања.
Најомилени оброци во текот на денот?
Денот ми започнува со многу течности.Секое утро припремам пола литар чај со мед и лимон. После тоа земам свежо овошје и продолжувам со чајот се до 12 часот. Во 12 часот ми е првиот и главниот мој оброк кој во суштина содржи многу протеини, јаглехидрати и масти за добар ден. Најмногу обожавам да приготвувам и да уживам во јадењето на сите салати со туна. А пред тренинг 1 час практикувам да правам од моите енергетски бомби со ореви,мед и лимон.
Суплементи:За или против?
Цел мој живот се хранам здраво и немам никаква потреба од користење на суплементација без разлика дали се работи за витамини, минерали или други додатоци, но многу добро сум информирана за нивната употреба и мој совет е сите оние кои немат доволно време да ги внесат сите потребни додатоци може да користат одреден суплемент.
Кои вежби ги препорачувате за градење на убаво тело?
Вежби за задник
Убаво обликуваниот задник и нозе најчесто се дел од телото кој жените сакаат да го средат, па исто е и кај мене. Ги обожавам вежбите за задник.За изградба на добар задник, треба да ги погодите сите делови од него, за формирање на перфектен глутеус треба да се погодат мускулите од повеќе агли. Би можела да ја издвојам вежбата STEP UPS (Качување на платформа) Со сопствена тежина оваа вежба е одлична за развивање на глутеусот, како и за нозете, и Чучњеви (Squat) доколку сакате мускулест задник.
Совет до сите читатели или оние кои сакаат да се занимаваат со фитнес?
Не бидете мрзливи кога се работи за вашето здравје, тело и душа. Одвојте барем 1 час во денот и бидете фит.
Линкови: