Со цел да постигнете најдобри можни резултати при тренирање во теретана, треба сопствените мисли да ги фокусирате исклучиво на унапредување на личните цели.

Пред се, мислите треба да ви бидат неоптоварени од длабоки анализи, посебно од оние кои вклучуваат и други луѓе. Еве кои се трите вообичаени прашања кои луѓето си ги поставуваат на себе за време на вежбање, што е посебно важно да одбегнете да го правите, но и самостојно да одговарете на нив за време на вашиот тренинг.

1. Што мислат другите луѓе за мене?

Воопшто не е битно што мислат за вас луѓето од блиската околина додека тренирате. Нивен проблем е ако воопшто размислуваат за вас додека наместо тоа треба да бидат фокусирани на сопствениот напредок.

На тренинг сте дошле поради вежбање и за сопствени цели, а не за да ја импресионирате околината. Ако наведеново го сфатите, бидете сигурни дека луѓето од вашето опкружување ќе бидат импресионира од вашите достигнувања.

2. Дали изгледам глупаво додека вежбам?

За време на изведувањето на секоја вежба од тренингот, концентрирајте се на нејзиното влијание врз вашето тело, а не на визуелниот ефект од изведување на вежбата.

Ако сакате да ја импресионирате околината, сигурно постојат и помалку исцрпувачки физички активности од тренирањето во теретана.

3. Дали ќе го постигнам посакуваниот напредок?

Да се размислува за целите кои се однесуваат на физичкиот напредк е добро и тоа треба да постои пред да почнете да тренирате, со цел да знаете како најлесно да ја постигнете поставената цел. Но, ако имате зацртана цел пред себе, немојте да се сомневате во неговото остварување, туку настојувајте да верувате во вашите можности и успех.

Неопходно е секој тренинг да го изведувате со спортски дух, кој подразбира верба во личните способности.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина