Вегански мајонез – аиоли
Состојки:
- 225 гр. меко тофу сирење
- 3-4 лажици лимонов сок
- 3-4 лажици зеленчукова супа
- 2-3 лажички сенф
- 2-3 лажички нектар од агава
- 1 чешне лук
- сол и бел црн пипер по вкус
Подготовка:
Тофуто ставете го во блендер и додадете ги 3 лажици лимонов сок, зеленчуковата супа, по 2 лажици сенф и нектарот од агава, чешнето лук и прстофат сол во случај супата да не е солена. Се измиксајте и по вкус и според густината додадете уште супа и лимонов сок, односно нектар од агава и сенф, како и мелен бел црн пипер.