Кои витамини не ги внесуваме доволно?
Истражувањата покажале дека голем број луѓе не внесуваат адекватна количина на витамини. Без разлика дали ви е исхраната разновидна и избалансирана, постои голема веројатност дека не внесувате доволна количина од одредени витамини.
Витамин Б6
Овој витамин му помага на телото да произведува сератонин и норепинефрин, 2 хемиски соединенија кои овозможуваат комуникација помеѓу мозокот и нервните клетки. Тоа е неопходно за одвивање на одредени процеси во телото. Одредени истражувања имаат покажано дека недостикот на овој витамин може да предизвика проблеми со здравјето на нервите, кожата и кардиоваскуларниот систем. Земањето на суплементи со витамин Б6 може да помогне во ослабнување на помнењето, ублажувањето на симптомите на дијабетес, астма, АДХД и појавата на акни. Недостигот на витамин Б6 е почест кај оние кои прекумерно консумираат алкохол и оние кои имаат проблеми со црниот дроб и бубрезите или пак страдаат од хипертиреоза. Постои поголема веројатност дека ќе имате недостиг на витамин Б6 ако сте вегетаријанци, вегани или ако не ја поднесувате лактозата, бидејќи овој витамин се наоѓа во живината, немрсното месо, рибата и морските плодови, морковите, спанаќот, грашокот, компирот, јајцата, сирењето, збогатените житарки, млекото и јогуртот. На возрасните дневно им се потребни околу 1,3 мг. од овој витамин. На жените од третото доба околу 1,5 мг., а на мажите од трето доба околу 1,7 мг.
Витамин Д
Витаминот Д, уште познат и како витамин на сонцето, се произведува кога ја изложуваме кожата на сончевите зраци. Кога ќе земеме предвид дека количината на витамин Д која ја внесуваме преку намирниците е минимална, како и времето поминато надвор, тогаш не изненадува фактот што голем процент од луѓето патат од недостиг на овој витамин. Тоа ги загрижува стручњаците, бидејќи недостигот на витамин Д може да го зголеми ризикот од појавата на разни болести, вклучувајќи го ракот и болестите на срцето.
Најчести симптоми од недостиг на витаминот Д се болки во коските и зглобовите, слабост во мускулите и лошо расположение. Едно истражување покажало дека оние кои не внесуваат доволно витамин Д имаат дури 11 пати поголем ризик од настанок на депресија во однос на оние кои ја внесуваат соодветната количина од овој витамин. Исто така, недостигот на витамин Д може да ја зголеми зачестеноста на настинки и грипови, бидејќи витаминот Д е клучен за одржувањето на силен имунолошки систем. Витаминот Д се наоѓа во масните риби, како што се лососот, туната и сардините, потоа во говедскиот црн дроб, сирењето, жолчките и сокот од портокал.
Витамин Ц
Витаминот Ц има двојно дејство: го јакне имунитетот и делува како антиоксиданс. Потоа, учествува во превенцијата на мутирање на клетките, до која доаѓа кога во телото е превисоко нивото на слободните радикали. Витаминот Ц го поттикнува зараснувањето на раните, обновувањето на рскавицата и ги одржува здрави забите и коските ги чува силни. Научниците истакнуваат дека може да помогне и во брзо опоравување од настинки и грипови. Недостигот на витамин Ц доведува до појава на замор, болки во зглобовите и мускулите и лесна појава на модринки, сува кожа и бавно зараснување на рани. Хроничниот недостиг на витамин Ц, кој трае подолго од 3 месеци, може да предизвика летаргија, жолтица и треска. Жените треба да внесуваат околу 75 мг. Витамин Ц, а мажите околу 90 мг. Го има во цитрусното овошје како што се диљња, киви, манго, папаја, зрнесто овошје, брокла, прокељ, спанаќ, зелен лиснат зеленчук и тиква.
Витамин Б12
Како и останатите витамини од Б-групата, така и овој витамин игра важна улога во одржување на работата на метаболизмот. Важен е за формирање на црвените крвни зрнца и за заштита на ДНК. А, исто така го штити и нервниот систем. Неговиот недотиг може да предизвика умствени пореметувања, како што се депресија, анкциозност, слабост и напнатост на мускулите, инконтиненција, низок крвен притисок и проблеми со видот. Возразните треба дневно да внесуваат околу 2,4 мг., бремените околу 2,6 мг. А доилките околу 2,8 мг. Го има во рибата и морските плодови, јајцата, млекото, квасецот и збогатените житарки.