Храната за повеќето од нас е извор на неизмерно, речиси оргазмично задоволство, посебно кога можеме да се почестиме со некој добар чоколаден десерт или парче торта. Токму поради ова чувство некогаш претеруваме, па организмот мора да се пресмета со вишокот храна која сме ја изеле. Што се случува тогаш во нашето тело?

Првата последица е видлива пред да станеме од маса. Тоа е она чувство како да ќе ,,експлодираме,,. Иако е можно стомакот да пукне по прејадувањето, условниот рефлекс кој не тера на повраќање, ќе не сопре во прејадувањето пред да стигнеме да ја внесеме количината на храна која е потребна за да се случи тоа.

За која количина на храна всушност станува збор?

Просечниот човечки желудник може да обработи помеѓу еден литар и литар и половина храна пред да добие потреба да ја поврати, но може и да се растегне за да прими и до четири пати толку храна пред да дојде до пукање. Кога јадеме оброк со висока содржина на масти, шеќери и јагленохидрати, нашиот парсимпатичен нервен систем му кажува на телото да забави и да се фокусира на варењето на храната. Тоа прави да се чувствуваме летаргично.

Додека се вари храната, клетките во панкресот го произведуваат хормонот инсулин, што доведува до зголемување на мелатонинот и сератонинот, хормон кој прави да се чувствуваме поспано, но и среќно.

Може да се случи да се бориме да ги оддржиме очите отворени благодарение на нивото на гликоза предизвикана од храната која сме ја изеле. Ова може да ги попречи невроните во мозокот, кои обично го произведуваат орексинот, протеин одговорен за зачувување на будноста и внимателноста. Масните клетки го произведуваат хормонот лептин, кои се врзува за рецепторите во мозокот, за да го известат дека повеќе не е гладен. Редовното прејадување прави телото да произведува повеќе од овој хормон, бидејќи нивото на лептин е во директна врска со количината на масти во телото.

Во такви случаи, организмот на некои луѓе може да развие отпор кон лептинот, кој ја нарушува способноста на мозокот да препознае кога сме сити, а последиците од овој процес прво ќе го забележи вагата.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина