Со анализа е откриено дека консумирањето пикантна храна од три до седум пати во неделата го намалил ризикот од смртност за 14% во однос на испитаниците кои ја јаделе поретко од еднаш неделно, тврдат нутриционистите. Минатата година била спроведена опсервациска студија во која учествувале повеќе од 480.000 испитаници на возраст од 30 до 79 години. Слично, ризикот од смртност бил за 10% помал кај оние испитаници кој јаделе лута храна еднаш или двапати неделно. Меѓу разните видови лута храна, најздрави се чили пиперчињата. Тие содржат супстанција која се нарекува капсицин, а која е заслужна за нивната лутина. Капсицинот е фитохемикалија која се поврзува со многу благотворни влијанија врз здравјето – го намалува ризикот од смртност поради карцином, исхемиските болести на срцето или болестите на дишните патишта.

Во исхраната за долговечност секако спаѓаат и бобинките. Тоа се поврзува со намалување на ризикот за развој на различни дегенеративни болести, вклучувајќи ги Алцхајмеровата и Паркинсоновата болест и мултиплекс склерозата. Тука најефикасни се боровинките, малините и капините, но и некои егзотични видови, како што се гоџи бобинките. Стручњаците меѓу некои од водечките антиоксиданси ги имаат ставено и јагодите, кои го спречуваат прераното стареење и разните заболувања. Исто така, содржат природни феноли, кои служат за истата цел како еден аспирин или ибупрофен против болки. Нивната содржина на флавоноиди доведува до тоа телото да создава пречки во фазите на развој на клетките на ракот, спречувајќи ја нивната можност за размножување. Она што никако не смееме да го заборавиме да го ставиме на менито ако сакаме да бидеме здрави, се мешунките. Меѓу нив, најважен е гравот. Мешунките го намалуваат бројот на хроничните болести, како што се болестите на срцето, дијабетисот и болестите на системот за варење. На почетокот, многу луѓе одбегнуваат да јадат грав поради создавањето на надуеност, кои по неколкудневно консумирање би требало да исчезне. Грав може да се јаде три до четири пати во неделата.

Други намирници заслужни за долговечност се:

Брокула: Може да го спречи настанокот на карциномот. Полна е со соединенија на сулфур глукозинолати, кои се истражуваат поради потенцијалното антиканцерогено делување. Содржи витамин Ц и фолна киселина.

Риба: Крвните садови со консумирањето големи количини риба ќе бидат вечно млади. Високата количина на внесена риба се рефлектира со зголемено ниво на омега-3 масните киселини, а таа појава е одоворна за долговечност и за пониска зачестеност на артериосклерозата.

Зелен чај: Не заборавајте да се напиете по еден филџан зелен чај. Волшебните својства на овој чај им се припишуваат на полифенолите.

Маслиново масло: Користете маслиново масло во речиси секое јадење. Поради единствената содржина на плифеноли, ова масло може да заштити од бројни дегенеративни болести и да го одложи процесот на стареење на клетките.

Јаткасти плодови: Ја намалуваат смртноста за 20 %. Се одликуваат со квалитетни маснотии, изобилуваат со витамин Е и прехранбени влакна и го намалуваат ризикот од смртност.

Чоколада: Но исклучиво темна, бидејќи содржи антиоксиданси и полифеноли, за кои е утврдено дека го намалува ризикот од болестите на срцето и крвните садови.

Спанаќ: Со спанаќот до здрави коски се до староста. Овој темнозелен зеленчук содржи калциум и К витамин, кои се значајни зз јакнење на коските и за зачувување на здравјето на зглобовите.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина