Состојки:

 

  • 150 гр. шеќер
  • 75 горчливо какао во прав
  • 350 гр. млеко од соја (може и оризово)
  • 150 гр. брашно
  • 50 гр. скробно брашно
  • 1/2 прашок за печиво
  • рендана кора од портокал
  • малку рум
  • 100 грама диетална чоколада

 

 

Подготовка:

 

 

Се мешаат заедно какаото во прав со шеќерот за да нема грутчиња, па постепено се додава млекото. Кога ќе се додаде целото млеко, се додаваат на оваа смеса просеаното брашно и прашокот за печиво, ренданата кора од портокла и румот. Ако е премногу густа смесата, може да и се додаде уште малку млеко или вода. Смесата се става да се пече околу 40 минути на  175°C. На крај, испечената и оладена торта се прелива одозгора со растопена диетална чоколада.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина