Вкусни мафини од кокос
Вкусни мафини богати со влакна, многу нискокалорични (проверете ги нутритивните вредности)
Состојки (12 мали мафини):
100 g – 3/4 шоља кокосово брашно (100%)
1/4 лажичка прашок за пециво
7 белки од јајца- 1 шолја белки
1 јајце
200 g (до 250 g) – 1 шолја вода, исто така можете да користите млеко, бадемово млеко, јогурт …
30 g – 1/10 чаша мед
цимет
Начин на подготовка:
Ставете ги сите состојки заедно еден сад и промешајте
Почекајте 10 минути и промешајтеја сета смесаповторно
Ставете ја смесата во калапи за мафини
Ставете ги калапите во претходно загреана рерна на 180° C и печете од 45 до 60 минути.
Нутритивни вредности (1 мафин):
Енергија: 33 kcal
Протеини: 3 g
Јаглехидрати: 2,3 g (шеќер 2,3 g)
Масти: 1,3 g (заситени 1,3 g – од кои 70% се МЦТ, што значи добри триглицериди)
Влакна: 5 g