Алкохолот дебелее повеќе и од брзата храна?
Ако настојувате да ослабнете, алкохолот често се посочува како фактор кој ве попречува во тоа. Големи полемики се водат околу тоа дали алкохолот дебелее или умереното консумирање на алкохолни пијалоци дури има и позитивно влијание врз здравјето. Технички гледано, алкохолот не се таложи во организмот во облик на масти, а многу студии имаат покажано дека умереното консумирање пиво или вино го подобрува кардиоваскуларниот систем. Сепак, многу стручњаци ќе подвлечат црта и ќе кажат дека во животот на еден поединец кој води сметка за своето тело нема место за алкохол.
Најновите студии ни помогнаа малку подобро да го сфатиме односот меѓу алкохолот, отпорноста на инсулин и дебелеењето. Шведските истражувачи набљудувајќи една група постари мажи ја откриле цврстата поврзаност помеѓу консумирањето алкохол и обемот на половината, истакнувајќи дека поголемото консумирање алкохол, посебно жестоки пијалоци, е во тесна врска со абдоминалното сало, не само со вкупната телесна маса.
Тим, пак, од канадски истражувачи објавил резултати од своето најново истражување вршено над тинејџери и млади кои често пиеле алкохол, според кое тие имаат поголеми шанси да добијат вишок килограми.
Најновите податоци доаѓаат од Универзитетот Ватерло во Онтарио, САД, каде биле тестирани средношколци од 89 училишта. Тие п отполнувале анонимни анкети и меѓу прашањата имало и такво за тоа колку често пијат алкохол. Дури 395 од нив признале дека барем еднаш месечно пијат, што вклучувало најмалку пет алкохолни пијалоци за време на илегување,а 11% од нив толку испивале најмалку еднаш неделно. Сиот тој алкохол се пресметува во дополнителните калории, а слатките жестоки пијалоци содржат најмногу. Затоа врз основа на податоците (каков алкохол консумираат – пиво, вино, жестоки пијалци и што јадат), стручњаците ги пресметале просечните калории, односно килограми кои можеле да ги добијат како вишок. На пример, оние кои еднаш седмично пиеле вотка, годишно внесуваат 57.000 калории повеќе од оние кои не го прават тоа, што значи дека се здебелиле до 7,5 килограми. Ова е една од првите студии која конкретно се занимава со дебелината кај младите, а која е поврзана со алкохолот. Едно од пет американски деца и 30% канадски е или дебело или има вишок килограми.